САРАЧИНИ ВЕЛИ ИМАЛО ПРОПАГАНДА: Уметниците обвинуваат дека некој не си ја работи работата
Објавено во: Македонија 13 Февруари, 2018
Петрит Сарачини од Министерството за култура во Отворено на ТВ 24 изјави дека за сите проекти е скромна поддршката, дека се скратени сите ставки, а за тоа дека одредени уметници се нашле во програмата без да знаат вели дека сепак од Македонска филхармонија имало приложено проекти.
Сарачини вели дека се создала пропаганда во јавноста, a дел од конкурсите биле со краен рок во јуни.
Уметниците обвинија дека некој тука не си ја врши работата.
За темата беше кажано дека е многу сложена, а деновиве имаше многу критики за распределбата на средствата.