25 Април, 2024
0.0508

Сашо Димитријоски „преживеа“ како директор на АЕК

Објавено во: Економија 20 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Сашо Димитријоски ја „преживеа“ смената како директор на АЕК откако точката за негово разрешување доцна синоќа беше симната од дневниот ред на седницата на Комисијата.

Директорот на Агенцијата за електронски комуникации беше избран за прв човек на ова регулаторно тело на пазарот на електронски комуникации на почетокот на 2016, а редовно мандатот му истекува во 2021.

- Беа прифатени моите докази и аргументи и останувам и натаму директор на АЕК. Точката за разрешување е тргната, потврди Димитријоски.

Неофицијално, поранешниот прв човек на МАРнет имал поддршка од меѓународните инстанци каде што АЕК членува, а наводно иницијативата на Комисијата, предводена од нејзиниот претседател Стевица Јосифовски, за негово отповикување била оценета како незаконска.

Пред два месеци Јосифовски беше избран за нов претседател на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации на местото на дотогашната претседателка Гордана Клинчарова, која беше разрешена од функцијата. На седницата на Комисијата имаше спротиставени ставови на членовите, а образложението за причините за разрешување на Клинчарова јавно не беше објавено. 

Инаку на претходната седница, Димитријоски писмено се произнесе по веќе донесениот заклучок за поведување на постапка за негово разрешување; Во негово отсуство, преку писмо ги образложил своите аргументи и околности зошто не треба да биде променет.

АЕК историски е позната по тоа што доделуваше донации без консултации со електронските оператори, од каде што беа прибирани најголем дел од не така малите финансиски средства. Димитријоски во една прилика беше обвинет во јавност дека донирал пари за Велосипедската федерација на Македонија чиј претседател бил истовремено.

Според финансиските извештаи на Агенцијата, во текот на 2016 АЕК донирала над 3 милиони евра. Парите биле потрошени за изградба на Панорамското тркало, Зоолошката градина, имало донации за МТВ, Општина Гази Баба и Велосипедската федерација. АЕК и понатаму секоја година прима барања за донации од најразлични правни лица.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди