Сашо Самарџиоски отповикан од Одборот на директори на Витаминка
Објавено во: Економија 13 Јуни, 2018
Сашко Самарџиоски, досегашен директор на прилепска „Витаминка“ е отповикан од функцијата. Одлуката за отповикување на членовите од Одборот на директори веќе е објавена на Македонска берза.
Освен Самарџиоски од Одборот се отповикани и Симон Наумовски кој беше претседател на Одборот, Сашо Наумовски, Благоја Ѓорѓијовски и Ѓорѓи Манчевски.
Сепак дел од нив повторно се предложени за избор. Во новиот Одбор на директори ќе членуваат Симон Наумоски, Сашо Наумоски, Благоја Ѓорѓијовски, Горан Рафајловски и Марјан Бојаџиев. За независни членови се предложени Рафајловски и Бојаџиев.