25 Април, 2024
0.0279

Саудијката која доби азил во Канада се пофали како сега живее

Објавено во: Свет 16 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Рахаф Мухамед, e Саудијката која поради страв од семејството побегна од својата земја и доби азил во Канада. 

Девојката неодамна пробала сланина и со фотографија се пофалила на социјалните мрежи. „Omg сланина“, напишала тинејџерката со емоција и канадско знаме. Таа го посетила Старбакс, и објавила фотографија со кафе во кратко фустанче кое ѝ ги открива нозете, нешто што претходно ѝ било незамисливо.

Од агенцијата за бегалци, која ѝ помогнала да се смести во Канада, признале дека изнајмиле луѓе кои ќе ја штитат девојката, поради многубројните закани.

Рахаф го привлече вниманието на меѓународната јавност минатата недела, кога се затворила во хотелска соба на аеродромот во Бангкок во знак на отпор против одлуката да биде вратена кај своето семејство, за кое вели дека ја злоставувало. Откако семејството се откажало од неа, поради бегството, Рахаф го отфрлила семејното презиме ал Кунун.

Но, неколку недели подоцна, Рахав јасно ги искажува своите ставови и веќе живее сосема поинаков живот. 

Девојката се откажала од исламот и се плашеше дека нејзините ќе ја убијат. 

Кога се обратила во јавноста порачала дека таа, за разлика од многу жени, имала среќа.

Најавила дека својот нов живот во Канада ќе го посвети на борбата за слободата на жените ширум светот. 

„Доаѓањето во Торонто ми овозможи да се најдам меѓу бројни среќници кои сами одлучуваат за својот живот и да ја почувствувам независноста која им е ускратена на жените во мојата татковина", рече таа. 

Вели дека се радува што во Канада нема да има ограничувања и забрани како во својата земја. Сака да биде независна и да патува. 

Можеби ќе ве интересира

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму