26 Април, 2024
0.0759

Савески: Стравувам дека власта ќе посегне по нерегуларности во вториот круг за да избегне бламажа

Објавено во: Македонија 22 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Притисокот врз власта е голем. Нивниот кандидат, дури и со помошта на ДУИ, освои помалку гласови од тие што ги освои во 2014 година. Тоа не е толку пораз за Пендаровски, колку што е пораз за СДСМ вели во интервју за Фактор Здравко Савески од Левица.

Докторот по политички науки стравува дека власта повторно ќе посегне кон изборни нерегуларности за да ја избегне бламажата изборите да бидат неуспешни.

Фактор: Како ги коментирате бројките на првиот круг на претседателските избори за ниската излезност на граѓаните, како и на резултатите кои ги остварија кандидатите. Дали станува збор за одредена разочараност кај избирачите од актуелната политичка понуда?

Савески: На овие избори гласаа најмалку граѓани од независноста до денес. Тоа е силна порака до СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ дека луѓето сѐ повеќе се освестуваат, дека едноставно не дозволуваат да ги влечат за нос, дека нема да им даваат легитимитет на нивната борба кој да седне на фотелјата и да го цица народот. Овој вид на пасивен отпор на 30-годишната партократија на СДСМ-ДУИ-ДПМНЕ се разбира дека е недоволна. Ако на тоа не се надоврзи стремеж за промена на начинот на кој се води политиката и во чиј интерес се води политиката, сето ова ќе биде јалово. Но, дефинитивно, ова е првиот чекор во правилната насока. Без кинење на папочната врска со СДСМ-ДУИ-ДПМНЕ нема напредок во Македонија. Може да има само нијанси во сивилото, промена само на личностите кои ќе нѐ крадат во наредниот период.

Што се однесува до резултатите што ги остварија кандидатите, веројатно може да се смета за успех за Блерим Река што освои толку гласови. Што се однесува до другите двајца кандидати, бројот на луѓе кои им дале поддршка, дури и само како помалку лоша опција во однос на другиот, е доста понисок од она што го очекуваа. Тие можат да се тешат со резултатот на противникот, но реалната бројка на гласови што ги добија, со цела партиска машинерија ставена во нивна служба, со сите тие фрлени пари во кампањата, реално е рамна на пораз.

Фактор: Што очекувате во вториот круг на изборите, постои ли можност за тивок бојкот кај дел од партиите со цел да пропадне изборот на претседател на републиката?

Савески: Овие избори за претседател на државата уште од почетокот се гледаше дека можат да бидат неуспешни поради длабоката разочараност на граѓаните од партиите кои досега ја владееја државата. Со излезност од 42 проценти во првиот круг не мора да има тивок бојкот на некоја од партиите за да не биде исполнет цензусот.

Она што јас се плашам е дека власта повторно ќе посегне кон изборни нерегуларности за да ја избегне бламажата изборите да бидат неуспешни. За потсетување, и на досегашните претседателски избори главните проблеми се случуваа во вториот, а не во првиот круг.

Фактор: Вие подолго време истакнувате дека е потребна нова политика, нова понуда која ќе ја врати довербата на граѓаните во демократските институции, но Левица досега не успеа да се наметне како трета силна опција. Ќе се одржи ли и натаму дуалитетот меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ?

Савески: Да, на Македонија ѝ е нужно потребна нова политика. А таа нова политика не можат да ја донесат клиентелистички партии во кои членуваат луѓе чиј главен интерес е да фатат некоја коска за себе. Таа нова политика мора да биде заснована на принципи и треба да биде спроведена од луѓе кои нема личниот интерес да го стават пред општествениот интерес. Треба нова политика чија цел ќе биде подобрување на животот на обичниот народ, а не слугувањето на интересите на крупниот капитал. На многумина, во нивната сегашна длабока разочараност и апатија, ова можеби им се чини невозможно, но едноставно не постои друг начин за да се тргне напред. Ако ни чини да нѐ крадат како досега – арно. А ако не ни чини, треба да се вложиме да свртиме нов лист.

Левица е тука да учествува во промените. Ако ја има подготвеноста да свртиме нов лист и повеќе да не се задоволуваме со трошките што ни ги фрлаат властодршците, истовремено крадејќи нѐ зад грб, времето на Левица допрва доаѓа.

Фактор: Пендаровски или Силјановска Давкова, кој според вас има поголеми шанси за победа во вториот круг доколку не се оди на бојкот. Ќе има ли повторно трка да се освојат албанските гласови?

Савески: Јас мислам дека најголеми шанси има и двајцата да бидат поразени во вториот круг. И граѓаните да им испратат уште посилна порака на непокорност на СДСМ-ДУИ-ДПМНЕ, неизлегувајќи на гласање. И пак ќе нагласам, она од што најмногу се плашам е власта уште еднаш да прибегне кон изборни нерегуларности за на таков начин да фингира цензус.

Фактор: Со ваква распоредност на силите сосема извесно е опозициските партии да побараат одржување на предвремени парламентарни избори каде всушност се освојува политичката моќ во државта. Ќе се зголеми ли сега притисокот врз власта и кои лекции може да ги научи Заев?

Савески: Притисокот врз власта е голем. Нивниот кандидат, дури и со помошта на ДУИ, освои помалку гласови од тие што ги освои во 2014 година. Тоа не е толку пораз за Пендаровски, колку што е пораз за СДСМ. На овие избори една од најважните пораки што треба да се упатат е дека СДСМ го потроши целиот легитимитет што го доби на изборите во 2016 година. И ако претседателските избори бидат неуспешни, или ако победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, власта е должна да распише предвремени парламентарни избори. Ако не е подготвена тоа да го направи, треба да биде притисната тоа да го направи.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот