Сбербанка и американски фонд го тужат сопственикот на Агрокор
Објавено во: Економија 14 Септември, 2017
Ивица Тодориќ, сопственикот на хрватскиот некогашен гигант Агрокор, доби две тужби за лажно претставување на состојбата на компанијата за добивање на финансии. По тужбата која ја покрена руската „Сбербанка“, кривична пријава против Тодориќ, сега е покрената и во САД, пишува „Вечерњи Лист“.
Во Судот во Њујорк пристигна тужба против „Агрокор“, која ја поднел еден од американските фондови, кој учествувал во кредитирањето на концернот во време на Ивица Тодориќ.
Документацијата е предадена, а „Агрокор“ се тужи поради лажно прикривање на состојбата. Тужбата е покрената против „Агрокор“, а бидејќи негов сопственик и натаму е Тодориќ, за тоа што се товари „Агрокор“ ќе одговара Тодориќ, посочи правен експерт за „Вечерњи Лист“.