24 Април, 2024
0.0728

Scupini Romani од Македонија ќе биде претставен на меѓународен фестивал во Бугарија

Објавено во: Мои пари 11 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Scupini Romani, брендот со кој целосно се реконструира животот на старите Римјани, утре ќе биде претставен на меѓународниот антички римски фестивал „Нике – играта и победата” во Бугарија. Scupini Romani е бренд на „Хаемус“ - центар за научно истражување и промоција на културата од Скопје. Се состои од мноштвоподвижни ескпонати (керамика, облека, накит, плетени предмети, сувенири) кои се дизајнирани по нарачка и рачно изработени од уметници, занаетчии и артизани по инспирација од богатото културно наследство од римскиот период откриено на територијата на Република Македонија. Концептот на SCUPINI ROMANI е променлив во зависност од околностите и може да биде организиран како амбиентална поставка, подвижна изложба или фестивал со живи учесници.

Античкиот римски фестивал во Бугарија ќе се одржи на територијата на древниот римски град и археолошки резерват „Никополис ад Иструм“. На фестивалот ќе бидат претставени ритуали кон римските божества, античка мода, храна, занаети, монетоковање, изложба на постери и др. Scupini Romani ќе биде дел од двата најважни настани од животот на градот низ вековите кои  ќе бидат визуелизирани од страна на 150 учесници на групи за реконструкција на античкиот Рим од Романијa, Унгарија, Македонија и Бугарија. 

- Нашата држава има силни врски со античката римска култура бидејќи територијата на Македонија со векови била дел од Римското царство. Но, наместо нашето наследство да го промовираме со статични музејски поставки, одлучивме претставувањето на Scupini Rmani да го правиме преку меѓународни фестивали кои секаде го привлекуваaт вниманието на јавноста – изјави Василка Димитровска, директор на „Хаемус“. 

Првото издание на фестивалот на древната римска култура Scupini Romani во земјава се одржа минатата година во Скопје. Тогаш посетителите видоа како изгледал древен римски град, дегустираа храна од тој период, се запознаа со облеката и накитот што го носеле древните Римјани, садовите што ги користеле, како и со занаетите што ги практикувале.


Можеби ќе ве интересира

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!