СДСМ: Доколку Мицкоски не ги повика членовите да излезат ќе покаже дека се за изолација
Објавено во: Македонија 07 Август, 2018
Од СДСМ велат дека сега кога референдумот е извесен, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека партијата нема став.
„Доколку Мицкоски не ги повика членовите на ВМРО-ДПМНЕ да излезат на референдум и да изберат иднина ќе покаже дека лажеле со години и дека всушност се за изолација“ - велат од СДСМ.
Од СДСМ додаваат дека десет години ВМРО ДПМНЕ тврдела дека граѓаните ќе го имаат последниот збор за решението за спорот со Грција, на референдум.
Мицкоски денеска изјави дека до 10 септември ќе го соопшти ставот на партијата за претстојниот референдум. Тогаш ќе се знае дали тој ќе го повика членството да го бојкотира или да излезе на гласање. Но, тој вели дека не е точно дека ВМРО-ДПМНЕ нема став по ова прашање.