25 Април, 2024
0.0276

СДСМ и ВМРО ДПМНЕ ќе купуваат поевтина индустриска струја

Објавено во: Економија 19 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, но и Зоолошката градина во Скопје, ФФМ, МАНУ и МПЦ од 1 јули ќе купуваат струја на слободниот пазар. Овие институции се меѓу 1.226 правни субјекти, чија потрошувачка на струја во 2017 година е поголема од 100 мегават часа и со тоа го исполнуваат условот да бидат опфатени со следната фаза од либерализацијата на пазарот за електрична енергија, според актуелниот Закон за енергетика. Инаку, во собраниска процедура е ново законско решение за енергетскиот сектор, кое треба да им овозмозможи на граѓаните сите енергенси да ги добијат на слободниот пазар од кој било снабдувач во Македонија, а за оние кои нема да се одлучат да излезат на пазарот на јавен тендер ќе се избере универзален снабдувач кој во следните пет години ќе ги снабдува по регулирани цени. Со новиот закон за енергетика се предвидува домаќинствата да купуваат струја на слободниот пазар од 2019 година.

Операторот МЕПСО веќе ги објави двете листи на правни субјекти кои можат да се снабдуваат со електрична енергија по пазарни услови, а не по цена која ја одредува Регулаторната комисија за енергетика. На првата листа, како што веќе посочивме, се 1.226 фирми и институции кои влегуваат во групата мали потрошувачи кои во изминатата 2017 година потрошиле над 100 мегават часа електрична енергија. Овие, претежно мали и средни компании, меѓу кои и национални телевизии, амабасади, општини, агенции, судови, треба да распишат јавни огласи за набавка на струја на слободниот пазар за втората половина од годинава. Доколку решат да не купуваат струја по пазарна цена тогаш електричната енергија ќе продолжат да ја добиваат од страна на снабдувач во краен случај и ќе ја плаќаат по регулирана цена, а таа, во моментов е повисока од цената на енергетските берзи.

Втората листа ја сочинуваат 301 правно лице, кои ги исполнуваат условите да имаат најмалку 50 вработени и вкупен годишен приход или вкупна актива од најмалку десет милиони евра, односно не спаѓаат во групата на т.н. мали потрошувачи. Оваа листа, МЕПСО ја ажурира секоја година најдоцна до 30 април во согласност со податоците од Централен регистар за изминатата година, а потрошувачите од оваа листа имаат право за самостоен настап на пазарот веќе од наредниот ден. Годинава, оваа листа е зголемена за 13 нови компании и тие имаат обврска да склучат договор со трговец или снабдувач најдоцна 60 дена по денот на стекнување на правото за самостојно учество на пазарот.

Според податоците на РКЕ, во текот на 2017 година работеа 17 активни снабдувачи и трговци. Најголемо пазарно учество има компанијата ЕДС (49 отсто), која до неодамна беше во сопственост на вицепремиерот Кочо Анѓушев, а сега ја презеде Грчкото електростопанство (ППЦ) за износ од 4,8 милиони евра. Втор најголем снабдувач е „ЕВН Снабдување“ со учество од 27 отсто, а останатите компании делат мали удели од по 2 отсто.

(М.Б.)

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди