СДСМ: Мора да има одговорност за сите учесници во насилството од 27 април
Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2017
Македонија е сериозна,
демократска држава, со институции коишто имаат обврска пред граѓаните и Уставот
да постапуваат согласно јасни законски процедури, за целосно расчистување на
настаните од 27-ми април и соодветна законска одговорност на сите инволвирани.
Насилството на 27 април беше напад врз демократијата во Република Македонија, врз уставниот поредок, обид за загрозување на животот на пратеници, а со тоа и напад врз сите граѓани на Република Македонија.
Институциите имаат кредибилитет и должност да го расветлат случајот, заради потребата од правда и владеење на право во Република Македонија, за ваков случај никогаш да не се повтори