26 Април, 2024
0.1315

СДСМ му прифати 15 амандмани на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено во: Македонија 16 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Министерството за правда и работната група на СДСМ прифатиле дел од предлозите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во врска дисциплинската одговорност за судиите  и гласањето во Судскиот совет. Врз основа на овој договор денеска во собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу  заедниците беа прифатени седум амандмани од 14 предложени за измени и дополнувања на Законот за судовите и осум за Законот за Судски совет. Овие закони Собранието ќе ги гласа следната недела. 

Заменик министерот за правда Оливер Ристовски кажа дека се прифатени четири-пет ставки од целиот сет што го предложила ВМРО-ДПМНЕ во врска со дисциплинската одговорност на судиите, што ќе се вметне во Законот за судовите. Овој закон, според Ристовски, ќе биде испратен до Венецијанската комисија, а е дел од 3-6-9+ реформскиот закон, а дел произлегува и од Извештајот на Прибе. 

- Главно кај Законот за судови беше околу дисциплинската одговорност на судиите. Измените се во три дела што се усогласени со опозицијата. Во Законот за Судски совет го вративме правото на глас на претседателот на Врховниот суд, со тоа што во големиот пакет за Судски совет што ќе се носи во јуни - јули, кога ќе се утврдува мандатот на членовите и тоа дали ќе бидат професионални, полупрофесионални или непрофесионални, повторно ќе се размислува околу правото на глас за претседателот на Врховниот суд, појасни заменик министерот за правда. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот