18 Ноември, 2019
0.0186

СДСМ не верува дека Мицкоски има искрена намера да го избрише Груевски како почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2019

СДСМ не му верува на Христиојан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, дека најголемата опозициска партија преку промена на статутот има намера да ја избрише функцијата почесен претседател која му припаѓа и на пребеганиот азилант во Будимпешта, Никола Груевски.

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, синоќа во емисијата „24 Отворено“ рече дека најголемата опозициска партија го менува својот статут според кој ќе се избрише функцијата почесен претседател.

Сепак, Мицкоски не сакаше експлицитно да открие дали тоа се прави за партијата да се огради од политиките на поранешниот премиер Никола Груевски, кој е прогласен за почесен претседател во моментов, но истовремено е пребеган азилант во Будимпешта избегнувајќи ја двегодишната казна затвор за случајот „Тенк“.

„Христијан Мицкоски по секоја цена се определи за Никола Груевски и не се огради од неговите криминали. Напротив, и натаму останува посветен на одбраната на криминалот на одбрана на режимот Најавата за бришење на функцијата почесен претседател, без осуда, без оградување од криминалот на Груевски е уште еден прочитан блеф на Мицкоски“, рече Стефан Васев денеска во името на СДСМ.

Тој додаде дека и блеф е наводната продажба и донирање на парите од продажбата на белиот дворец, бидејќи како што вели Васев, криминално стекнат имот не може да се донира.



Можеби ќе ве интересира

Шилегов: ЕБОР ќе го финансира садењето на новите јапонски цреши

Шилегов: ЕБОР ќе го финансира садењето на новите јапонски цреши

Минимална казна затвор за таткото на Боки13

Минимална казна затвор за таткото на Боки13

РАБОТИ КАКО ПЕКАР НА ГРЧКИ ОСТРОВ - за Грујовски во среда втора пресуда

РАБОТИ КАКО ПЕКАР НА ГРЧКИ ОСТРОВ - за Грујовски во среда втора пресуда

Тимоние: Прво ќе се консултираме за предлозите со земјите-членки

Тимоние: Прво ќе се консултираме за предлозите со земјите-членки

Денеска пресуда за таткото на Боки 13

Денеска пресуда за таткото на Боки 13

„Фактор“ злоупотребен со измислен наслов

„Фактор“ злоупотребен со измислен наслов

ШТО ЌЕ БИДЕ СО ЗАПАДЕН БАЛКАН: Министрите за ЕУ ќе носат одлука за политиката на проширување

ШТО ЌЕ БИДЕ СО ЗАПАДЕН БАЛКАН: Министрите за ЕУ ќе носат одлука за политиката на проширување

Се запали просторија во Лешочкиот манастирски комплекс

Се запали просторија во Лешочкиот манастирски комплекс

ФОКУС НА ДЕНОТ: Заев вети 50 отсто места за жените на листите, Мицкоски порача дека ќе ги засукаат ракавите

ФОКУС НА ДЕНОТ: Заев вети 50 отсто места за жените на листите, Мицкоски порача дека ќе ги засукаат ракавите