29 Март, 2024
0.0254

СДСМ: Нова епизода на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски од лажниот патриотизам

Објавено во: Македонија 14 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Владејачката партија ги отфрла обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за насилно носење на Законот за употреба на јазиците и тврдат дека ваквата состојба ја користат за да предизвикаат нови блокади на системот промовирајќи лажен патриотизам.

„Се она што го прават Христијан Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ во Собранието нема никаква врска со Зaконот за употребата на јазиците којшто претходно го прифатија. Единствено станува збор за обид за блокадата на Собранието, блокада на реформскиот процес и обид за блокада на европската перспектива на државата.

Продолжувајќи ги штетните полтики на Никола Груевски, токму Христијан Мицкоски промовира поделби и блокади со што продолжува да работи спротивно на интересите на граѓаните и против концептот едно општество за сите.

Фактот што ВМРО-ДПМНЕ претходно го прифати Законот за употреба на јазиците, како и фактот што речиси 33 илјади амандмани од поднесените околу 35 илјади се однесуваат само на казнените одредби, потврдува дека амандманите немаат врска со законот туку служат само за блокада на Собранието.

Ова е уште една нова епизода на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски од лажниот патриотизам. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицковски, исто како и Никола Груевски, воопшто не се грижат за потребите на граѓаните“ велат од СДСМ.

По координациите со собранискиот спикер Талат Џафери ќе биде познато како ќе продолжи седницата за носење на Законот за употреба на јазиците и дали ќе биде постигнат политички компромис или решението ќе биде ставено на гласање пред пратениците без разгледување на поднесените амандмани од опозицијата. 

Пред Собранието веќе има помала толпа на луѓе кои изразуваат протест против предложениот Закон за јазици кој сметаат дека ќе воведе двојазичност на целата територија на Република Македонија. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење