28 Март, 2024
0.0258

МАСОВЕН НАРОДЕН ОТПОР ПРОТИВ РУДНИКОТ НА СМРТТА

СДСМ од Иловица и Штука со директни препораки кон премиерот Заев

Објавено во: Македонија 14 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Во Иловица завчера е одржан состанок на членовите на СДСМ - Социјалдемократски сојуз на Македонија од Иловица и Штука, на кој бил повикан и градоначалникот на Општина Босилово, Зоран Зимбаков. Состанокот го иницирале самите членови на партијата, а главна тема бил рудникот.

Членовите на СДСМ жестоко го критикувале градоначалникот заради тоа што тој го промени својот став во врска со отворањето на рудникот: имено, во кампањата за локалните избори тој беше против рудникот, но подоцна се случи ретерирање, па така на Консултативната средба со владата што ја имавме во јули, тој излезе со нејасен, двосмислен став, кој остави простор за многу сомнежи. 

„Накусо, на завчерашниот состанок тој бил директно предупреден дека доколку не излезе јавно да се заложи против рудникот, членството масовно ќе ги искине партиските книшки. Тој се обидувал да се оправда, но на крајот морал да вети дека ќе излезе во јавноста. Го очекуваме. Сепак, она што е уште позначајно од овој состанок е фактот дека членовите на СДСМ побарале тој итно да стапи во контакт со премиерот Зоран Заев и да му пренесе дека Иловица и Штука бараат тој да дојде и пред граѓаните од сите околни села, без оглед на партиската припадност, и конечно да се изјасни дали ќе го сопре рудникот или не. Во спротивно, му било порачано дека никој нема да излезе на референдумот. Практично, му дале еден вид ултиматум“ - велат од Здружението Здрава Котлина. 

Ножот е дојден до коска и повеќе одолговлекувања и отстапки не може да има, велат тие. 

„Ние како еколошко здружение имаме решение да не навлегуваме во прашањето за референдумот (за тоа секој лично ќе си донесе одлука), но сметаме дека овој состанок и пораките што Штучани и Иловчани му ги испратија на премиерот Зоран Заев, на градоначалникот Зоран Зимбаков, но и на другите раководни партиски структури, се исклучително важни за претстојната разврска. Очекуваме дека партиските структури и од другите села, вклучително и од Општина Струмица, Општина Ново Село и Општина Василево, ќе се солидаризираат против заедничката животна опасност и конечно ќе им дадат до знаење на раководствата дека немаат намера да бидат жртви на туѓи профитерски интереси и дека сите масовно ќе застанат во одбрана на Струмичката Котлина. Ова е почеток на масовниот отпор против рудникот на смртта. Ги поздравуваме Иловчани и Штучани за овој цврст и одговорен однос, знаејќи дека ако биде потребно сите ќе се обединат во одбрана на нивните домови и животи, без оглед на партиската или каква било друга припадност. Ние, како што и самите знаат, секогаш ќе бидеме со нив“ - додаваат од Здрава Котлина. 

Тие се категорични дека рудник нема да има.

Можеби ќе ве интересира

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

МОТИВИТЕ ЗА УБИСТВОТО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО НЕГОВАТА ПРОФЕСИЈА - приведени се двајца за убиството на матичниот доктор во Железара

МОТИВИТЕ ЗА УБИСТВОТО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО НЕГОВАТА ПРОФЕСИЈА - приведени се двајца за убиството на матичниот доктор во Железара

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОЛЕТТВА - Славчо Попоски со прогноза за следниве месеци

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОЛЕТТВА - Славчо Попоски со прогноза за следниве месеци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6

КУМАНОВЕЦ „ОЛЕСНЕТ“ ЗА 800 ЕВРА: Му дале бижутерија лажејќи го дека е дијамант

КУМАНОВЕЦ „ОЛЕСНЕТ“ ЗА 800 ЕВРА: Му дале бижутерија лажејќи го дека е дијамант