28 Март, 2024
0.0266

СДСМ: Оние кои вчера покажаа насилство во Собранието ќе понесат одговорност

Објавено во: Македонија 28 Април, 2017

Добивај вести на Viber

„Демократските процеси продолжуваат, по легитимниот избор на нов претседател на Собранието на Република Македонија.

Никој не може да ја спречи вербата и волјата на граѓаните на Македонија за живот, правда и придружување на Македонија кон цивилизираниот свет, преку евро-атланските перспективи“, соопштуваат утринава од кабинетот на СДСМ.

Оттаму потсетуваат дека домашната и меѓународната јавност гласно ја поддржаа деблокадата на Парламентот и „пратија јасна порака дека крајот на режимот доаѓа и мора да се повлече пред мнозинската волја на над 700.000 граѓани претставени преку 67 пратеници во Собранието кои сакаат да живеат во демократска Македонија.

Од СДСМ ги повикаа институциите да ги преземат сите потребни мерки да ги заштитат државните и граѓанските интереси а оние кои ги загрозиле животите на граѓаните во Собранието, и оние кои учествуваа во вечерашното насилство во Парламентот ќе понесат одговорност.

Од партијата на Заев апелираат до граѓаните да останат смирени бидејќи е направен огромен исчекор напред во демократските процеси на Македонија, а во периодот што престои, велат, процесите ќе продолжат со конечно реализирање на мнозинската волја на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија