29 Септември, 2024
0.0272

СДСМ праша дали фирмата на Камиказа била ангажирана околу озвучувањето на новогодишната прослава, а ВМРО-ДПМНЕ експресно одговори

Објавено во: Македонија 03 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Oд СДСМ обвинија дека изминуваат два месеци од изборот на градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, а граѓаните на Скопје не гледаат дека во градот нешто се работи.

Напротив, гледаат само поништувања на значајни проекти, неспособност, погрешни одлуки. Од СДСМ велат дека нема бесплатен јавен превоз, нема инвестиции во животната средина.

„Дури и Буџетот на градот за оваа 2022 година не е развоен и не е направен според потребите на граѓаните.  Во Буџетот не се предвидени пари за важни проекти како нови паркови, зелени покриви, велосипедски патеки. Нема пари за ниту една велосипедска патека, ниту еден вело паркинг, нема опрема за автобусите да превезуваат точаци, нема субвенции за дополнителна опрема. Наместо за зеленило и заштита на животната средина, наместо во капитални проекти, Арсовска парите на скопјани ги планира за вдомувања на партиските кадри на ВМРО-ДПМНЕ. Дали во Буџетот има пари за коалициските партнери на Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ? Дали фирмата на кандидатот за градоначалник Петар Георгиевски Камиказа, КЛС, била ангажирана околу озвучувањето на новогодишната прослава на градскиот плоштад? Колку пари чинел ангажманот на КЛС за новогодишната прослава или дали е тоа донација? Ако е донација тогаш таа треба да мине низ Советот на Град Скопје, ако се работи за спонзорство, тогаш треба да има договор за спонзорство“, изјави Мартин Попов, советник на СДСМ во Советот на Град Скопје. 

Тој додаде дека Данела Арсовска им должи одговори на скопјани на овие прашања.

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека прославата  скопјани ги чинеше нула денари, за разлика од тие кои ги организираше најбогатиот градоначалник во Европа, Петре Шилегов.

„Од ваквите автоголови и лаги на СДСМ и на Мартин Попов, кого што очигледно го пуштаат низ вода, на јавноста ѝ е преку глава. Но, прашањето на кое требаше да одговори СДСМ денес е како граѓаните да го преживеат новото второ поскапување на струја од над 15 проценти“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Тие додаваат дека со поскапувањето на парното, граѓаните не можат да врзат крај со крај. 

Можеби ќе ве интересира

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала