28 Март, 2024
0.0121

СДСМ: Ивона Талевска била сопственик на „Висарис“, Тодоров вели: ова е хајка!

Објавено во: 13 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Новинарката Ивона Талевска била доминантен сопственик на фирмата Висарис уште од основањето, тврди опозициската СДСМ, презентирајќи нови документи од Централниот регистар денеска. Според портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, од документот се гледало дека доминантен сопственик на фирмата за медицинска опрема  ВИСАРИС МКД ДОО Скопје, уште при основањето е, не мајката Лимба, туку самата уредничка Ивона Талевска. Според него, девет дена откако бил распишан милионскиот тендер од страна на Министерството за здравство, Ивона Талевска се повлекла од фирмата и му ги предала акциите на малцинскиот партнер, Марко Петровиќ. Потоа компанијата конкурира на тендерот и за четири месеци го добива милионскиот бизнис за набавка на рентген апарати. „Само шест месеци од добиениот милионски бизнис, во фирмата „Висарис Мкд“ Скопје се враќа Ивона Талевска, преку мајката Лимба Талевска, а самата Ивона Талевска е лице за контакт“, рече Шилегов, кој уште еднаш го повика премиерот да се изјасни за целиот случај. Министерот Никола Тодоров во интервју за Канал 5 попладнево дека нема повреда на постапката во целиот случај и оти тој е подготвен да одговара само за неговите постапки. „Ова е хајка против мене. Да сум склучил договор со некој со кој имам конфликт на интереси, со брат, братучед, снаа, стрина, веднаш ќе си дадам оставка. Јас склучив договор со една компанија, која по шест месеци прави договор за промена на сопственичката структура. Од каде тоа јас да го знам“, изјави Тодоров. На следниов линк прочитајте ја анализата за набавката на медицинска опрема во Македонија: ДОСИЕ медицинска опрема: реформи во здравството или легло за сомнителни тендери?