СДСМ: Со приближувањето кон НАТО и интеграцијата во ЕУ се очекува растот на платите да се засили

Објавено во: Економија 23 Јуни, 2018
Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални резултати, информираа од СДСМ, откако Државниот завод за статистика објави дека просечната нето плата во април 2018 изнесувала 23.942 денари, што е за 5,6 отсто повеќе во однос на платата во април 2017 година.
„Зголемувањето на минималната плата ја отвори спиралата на раст на платите, фактот што околу 90.000 работници добиваат повисока плата позитивно влијае врз растот и на просечната плата. Мерките што се спроведуваат обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, повисоки плати и подобар животен стандард“- се наведува во партиското соопштение.
Од партијата велат дека со решавањето на спорот со Грција и со приближувањето на Македонија кон членство во НАТО и интеграцијата во ЕУ се очекува трендот на раст на платите да се засили и интензивира, со крајна цел просечната плата да достигне 30.000 денари веќе до крајот на 2019 година.
Можеби ќе ве интересира
Стопанската комора прослави 97 коморско организирање - во чии раце отидоа наградите?

Вицепремиерот Анѓушев за енергетските реформи во земјава - Република Северна Македонија квантен скок
Регулаторна ги соопшти корегираните цени на горивата-има промени

Какви измени предлага Тевдовски за поголема транспарентност на јавниот долг?

ЌЕ ИМА ЛИ ПОСКАПУВАЊЕ: Цената на нафтата во драматичен скок

Отворен Научно технолошкиот парк, Манчевски верува во подобра младина

Продадена југословенската амбасада во Токио. Колку пари и следуваат на Македонија?

„Газпром“ ги објави податоците: Кои земји купиле најмногу руски гас лани?
