25 Април, 2024
0.0462

СДСМ: Со внесувањето на Драги Ковачки во Извршниот комитет, Мицкоски ја милитаризира ВМРО-ДПМНЕ

Објавено во: Македонија 23 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Социјалдемократскиот сојуз денеска преку прес конференција реагира на, како што ја нарекуваат, милитаризацијата на ВМРО-ДПМНЕ, со внесувањето на полковникот Драган Ковачки за член на Извршниот комитет. 

„Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето. Со изборот на новите членови на Извршниот комитет, Мицкоски ја потврди режимската криминалната матрица на оваа партија, уште уредувана од Никола Груевски. Наместо демократизација, извршителот Мицкоски спроведува милитаризација на ВМРО-ДПМНЕ, со цел што подолго да ја задржи својата партиска фотеља во белиот дворец“, изјави на прес Коста Костадинов, портпарол на СДСМ. 

Внесувањето на Драги Ковачки, полковник на Армијата за член на Извршниот комитет, според него, е неетички и недемократски преседан. 

„Дополнително, ова е обид да се наштети на високиот углед кој го има, гради и чува Армијата. Како земја членка на НАТО Алијансата и пријател со демократскиот свет не смее да има место за политика и за партизација во редовите на АРМ. Припадниците на Армијата се на сите граѓани, треба да ја штитат државата и граѓаните. Во демократски општества нивното место со сигурност не е во партиите. Како по примерот во некоја земји од Латинска Америка каде воени лица парадираат во дворците на партиски високи позиции. Тоа се случува само во режими од Латинска Америка и Африка. Ова не постои во ниедна демократска држава и партија. Ова покажува колку е очаен Христиан Мицкоски. Со него и Груевски ВМРО-ДПМНЕ е деструктивна и недемократска партија“, рече Костадинов. 

Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг