СДСМ собра мнозинство: 60 пратеници во сала и двајца во изолација во кабина
Објавено во: Македонија 18 Април, 2021
Владеачкото мнозинство ја започна денешната клучна седница за гласање со обезбеден кворум од 62 пратеници во Сонранието, од кои 60 во салата и двајца во изолација во кабината, каде една пратеничка дојде во скафандер како позитивна на Ковид-19
Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски, претходно рече дека Собранието било принудено да доведе двајца пратеници во кабината, затоа што не биле убедени дека опозицијата има волја да присуствува на гласањето.
Владеачкото мнозинство за денеска е решено да ги изгласа законите од 32 и 36 седница, на која се и законите за економска помош на граѓаните и компаниите.