29 Септември, 2024
0.0306

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја закочи европската иднина на Македонија и сега ги прави граѓаните жртви на своите политички игри

Објавено во: Македонија 29 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Раздвојувањето на Албанија од Македонија е само поради погрешните и штетни политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Албанија напредува кон Европската унија, а Македонија останува последна на Балканот само заради неразумното, штетно и недржавничко однесување на ВМРО-ДПМНЕ прво како опозиција, а потоа и како власт.

Ова денеска го истакнаа од опозициската СДСМ, од каде преку соопштение до јавноста посочуваат дека „Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се најдиректно одговорни за тоа што веќе немаме европска перпспектива“.

- Сега, после државниот дебакл што и го приредија на земјата, по раздвојувањето на Албанија од Македонија ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги прави граѓаните будали.

После сите блокади, после сите опструкции, деструкции, кочења, после сите можни изјави на Мицкоски од типот „не благодарам“ во ЕУ денеска ВМРО-ДПМНЕ го обвинува СДСМ.

Мицкоски и неговите соработници ги третираат граѓаните како ништо да не знаат, како да не се свесни за блокадата на европскиот пат што ВМРО-ДПМНЕ ја прави. Но, народот гледа и знае.

ВМРО-ДПМНЕ ја закочи европската иднина на Македонија и сега ги прави граѓаните жртви на своите политички игри.

СДСМ ги реши отворените спорови, обезбеди членство во НАТО и ја донесе Македонија пред прагот на ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ цело време ги блокираше сите овие процеси попречувајќи ја европската интеграција на земјата - напоменуваат во соопштението. 

Од партијата додаваат дека последниот чекор којшто требаше да се охрабри да го направи ВМРО-ДПМНЕ не е направен само заради одлуките и бизнис интересите на Мицкоски и неговите соработници.

- Граѓаните ова многу добро го знаат и нема да дозволат никој, а најмалку ВМРО-ДПМНЕ да ги прави будали - потенцираат во соопштението. 

Можеби ќе ве интересира

ПРЕТРЕСИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ НИЗ ОХРИД - едно лице зад решетки поради изнуда и лихварство

ПРЕТРЕСИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ НИЗ ОХРИД - едно лице зад решетки поради изнуда и лихварство

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: 24 годишно момче од Свети Никола загина во сообраќајна незгода на автопатот Тетово-Скопје

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: 24 годишно момче од Свети Никола загина во сообраќајна незгода на автопатот Тетово-Скопје

„Ќе ја направиме Македонија поубаво место за живеење“: Николовски објави видео од автопатот Тетово-Скопје, граѓаните бараат да се работи насекаде

„Ќе ја направиме Македонија поубаво место за живеење“: Николовски објави видео од автопатот Тетово-Скопје, граѓаните бараат да се работи насекаде

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени

„По 22 години неуспех во евроинтеграцискиот процес“: Меџити со посебна ретроспектива „прва влада без ДУИ“

„По 22 години неуспех во евроинтеграцискиот процес“: Меџити со посебна ретроспектива „прва влада без ДУИ“

„Можеби ќе остане запишано во некои хроники за една мала глупава земја и нејзиното раководство“: Ванковска во свој стил

„Можеби ќе остане запишано во некои хроники за една мала глупава земја и нејзиното раководство“: Ванковска во свој стил

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато