23 Април, 2024
0.0265

СДСМ за ставот на Мухиќ

Објавено во: Македонија 23 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

„Ставот на Ферди Мухиќ е негов личен став, додека ставот на парламентарното мнозинство во Собранието на РМ е дека Македонија треба да продолжи напред кон приемот во ЕУ и НАТО. СДСМ ќе продолжи да го зацврстува и окрупнува парламентарното мнозинство. Ставот на мнозинството македонски граѓани е дека земјата треба да продолжи да напредува во Европа и светот“, се вели во реакцијата на СДСМ на барање на телевизија „Сител“, откако независниот пратеник од владеачката коалиција не гласаше за ратификација на договорот помеѓу Скопје и Атина потпишан во Преспа.

Според Мухиќ, со договорот се бришат сите етникуми во Македонија.

„Целта на промената на името е прекројување на границите на Балканот и јасно разграничување на муслиманите и христијаните. Премиерот Зоран Заев бил храбар што конечно ги дотуркал работите до тука и штом прифатил ваков договор, тоа значи дека бил принуден на тоа. За промена на име не треба ниту граѓаните да излегуваат на референдум. Со овој договор се порекнува македонскиот национален идентитет“, рече Мухиќ. 

За филозофот некои точки во договорот носат кон бришење на македонската нација.

„Со тргање на 'македонска' од името на највисоките национални институции како што се МАНУ и Македонскиот народен театар, станува чист доказ дека македонската нација веќе не постои. Со ова Македонија свесно се обврзува да ги укине своите национални институции. Народен – не пречи. Театар - не пречи. Што пречи? Македонски? Зошто? Затоа што македонски посочува кон нација, а нема нација. Не можеш да имаш национален театар затоа што не постои нација. Можеш да имаш народен театар на Северна Македонија и тоа не го забележувате, а тоа е експлицитен доказ дека со ова се укинува етнички и културен идентитет на Македонците како нација, а со тоа и на сите други. Со ова сите се само граѓани на Северна Република Македонија“, рече Мухиќ. 

Можеби ќе ве интересира

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...