20 Април, 2024
0.0279

СДСМ земал кредит за избори и го вратил еднократно

Објавено во: Финансии 19 Март, 2019

Добивај вести на Viber

СДСМ пред локалните избори во 2017-та земал кредит од банка и го вратил еднократно следната година, се вели во штотуку завршениот извештај на Заводот за ревизија за владеачката партија кој го опфаќа периодот пред, за време и после кампањата за советници и градоначалници во локалните самоуправи.

Социјалдемократскиот сојуз го склучил договорот со кредиторот на 19 септември 2017-та, односно на два месеци пред изборите. Кредитот еднократно е вратен на 8 јуни 2018-та, односно на безмалку два месеци пред да биде донесена измената на член 13 од Законот за финансирање на политичките партии со која им се овозможува на овие субјекти да зајмуваат кредити кај банките.

Според државниот ревизорски извештај, СДСМ ги пренел средствата од сметката за редовно работење на изборната сметка, но при тоа Изборниот законик налагал само трансфер на пари од членарини и класични донации.

На СДСМ врз основа на добиените 1,12 милиони гласа, односно освени 57 градоначалнички места и 552 советнички имал право на 16,8 милиони денари од јавните финансии.

Сите средства - вкупно 13 милиони денари, собрани од членарини во текот на 2017-та се префрлени на изборната сметка за кампањата, а како донации се пријавени 45,5 милиони денари. Во кампањата најмногу пари се потрошиле за рекламирање во вредност од еден милион евра.

Од препораките, Заводот бара од СДСМ да ги прикажува сите поединечни уплати за членарина, која при тоа не смее да изнесува повеќе од една просечна нето-плата годишно. Во овој случај општинските организации на партијата ги прикажувале само целокупните суми од сите членарини заедно, а не од секој член посебно.

На СДСМ му се препорачува и да ја реши правно-имотната состојба со деловните простории во Тетово, Куманово, Виница, Гази Баба, Кисела Вода, Центар, Делчево и Кочани, бидејќи истите локали ги прикажува како штабови за време на изборите.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин