25 Април, 2024
0.0273

Се бара Грција со доминантно мнозинство да го изгласа договорот со Македонија

Објавено во: Балкан 14 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Европските функционери Жан Клод Јункер и Федерика Могерини, се чини, ја поддржуваат потребата евентуалниот договор за името во грчкиот Парламент да биде изгласан со зголемено мнозинство, пишува грчкиот весник „Авги“.

Повикувајќи се на свои информации, весникот, што важи за гласник на партијата СИРИЗА, тврди дека наместо со 151 пратеник Атина добила совети и препораки од Брисел да побара 180 пратеници кои ќе дадат зелено светло за евентуалното решене.

- Според сигурни извори, грчката Влада добила добронамерни препораки и совети да побара евентуалниот договор за македонското прашање да биде изгласан со мнозинство од 180 пратеници. Заеднички именител на овие препораки е, договорот за да има трајност и стабилност, да се обезбеди широка политичка и парламентарна легитимност. Потребата за гласање на договорот со 180 пратеници, се чини, е поддржана од страна на претсеателот на комисијата, Жан Клод Јункер и од високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Федерика Могерни, пишува „Авги“ и додава дека овој став на Брисел е затоа што не постои убеденост дека договорот меѓу Атина и Скопје би имал иднина и перспектива, особено поради ставот на грчката опозиција и затоа се препорачува зголемено парламентарно мнозинство.

Весникот тврди дека меѓународната заедница се интересира, не само за позициите на владите во двете земји, туку и за ставот на останатите политички сили  во Македонија и во Грција, јавува дописникот на МИА од Атина.

- Според сигурни извори, меѓународната заедница покажува голем интерес и за лидерот на опозицијата во ПЈРМ, Христијан Мицковски, околу решавањето на прашањето за името. Се толкува досегашната негова претпазлива позиција и покрај фактот што ВМРО и понатаму е под контрола на националистот, поранешниот премер Никола Груевски. Од друга страна,  додека истите пораки стигнаа и до лидерот на грчката опозиција, Кирјакос Мицотакис, засега тој е далеку од претпазлив, пишува весникот и упатува критики до опозициската Нова демократија, особено за промената на позицијата по протестите за „одбрана на името Македонија“ во Солун и Атина.

Извори од Европската комисија за грчката телевизија „Стар“, демантирале дека од Атина било побарано договорот да биде изгласан со зголемено мнозинство и потсетиле на говорот на Јункер во грчкиот Парламент, кога рече дека Брисел нема да се меша во спорот, дека тој поддржува решение, но не е негова работа да дава предлози или насоки. 


Можеби ќе ве интересира

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци