25 Април, 2024
0.0310

Се бара притвор за двајцата штипски насилници кои тепаа беспомошна девојка

Објавено во: Македонија 03 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Видеото што ја згрози јавноста, во кое двајца млади насилници тепаат беспомошна девојка, најверојатно ќе заврши со нивен притвор, откако тоа денеска го побара Обвинителството.

Основното јавно обвинителство во Штип денеска поднело Предлог за определување притвор за две лица, жители на Штип на возраст од 23 и 26 години, за кои постои основано сомнение дека го сториле кривичното дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Обвинетите во текот на јануари 2020 година, заедно извршиле грубо насилство над оштетената, на начин што отишле во куќата на оштетената и започнале да ја навредуваат и удираат со тупаници и шлаканици во пределот на лицето и главата. Потоа со влечење ја однеле во влез на станбена зграда каде продолжиле со вршење на насилството. Додека го вршеле грубото насилство, осомничените снимале со мобилен телефон, со кои дејствија кај оштетената и во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв“, соопшти денеска Јавното обвинителство.

Во насока на обезбедување непречено одвивање на кривичната постапка, како и постоењето на околности кои укажуваат дека осомничените ќе го повторат кривичното дело, обвинителството го достави предлогот за определување притвор за двајцата осомничени.​

Вчера за овој случај на својот фејсбук профил се огласи и премиерот Оливер Спасовски, кој рече дека лично ќе се погрижи насилниците да одговараат.

„Го осудувам вознемирувачкото насилство во Штип и лично ќе се погрижам сите владини институции најитно да постапат за девојката да биде веднаш заштитена, а насилниците да бидат што поскоро казнети согласно законот.

Во овие моменти, сите мора да покажеме свест и одговорност, и политичарите, и медиумите и граѓаните. Ги повикувам медиумите и граѓаните да не го споделуваат вознемирувачкото видео, за да ја почитуваат приватноста на девојката.

Никој не смее и нема право да биде насилен кон друг човек. Добро е што институциите веднаш постапија и очекувам резултати од тоа постапување наскоро. Ги охрабрувам сите оние кои сведочат, или пак самите се жртви на насилство да пуштат глас и да пријават, за институциите да постапуваат. Никој не треба да живее во страв или тортура, тоа е основно човеково право и зад тоа секогаш ќе стојам и лично како човек а и како институција“, напиша премиерот Спасовски. 

Можеби ќе ве интересира

„Ако ЕУ барем малку нѐ почитува, ќе забрани азил на македонски функционери“: еве што вели доктор Беќаровски

„Ако ЕУ барем малку нѐ почитува, ќе забрани азил на македонски функционери“: еве што вели доктор Беќаровски

„Ај честито влез во БРИКС во комбинација со нова преговарачка рамка со ЕУ“: Колозова распали по изборните резултати, еве што вели

„Ај честито влез во БРИКС во комбинација со нова преговарачка рамка со ЕУ“: Колозова распали по изборните резултати, еве што вели

МАКСИМ ПОБЕДИ ВО КУМАНОВО, ЈАКИМОВСКИ ГО ЗАГУБИ КАРПОШ, ТАРАВАРИ СО ТЕСНА ПОБЕДА ВО ГОСТИВАР: Попрецизна анализа на изборниот исход

МАКСИМ ПОБЕДИ ВО КУМАНОВО, ЈАКИМОВСКИ ГО ЗАГУБИ КАРПОШ, ТАРАВАРИ СО ТЕСНА ПОБЕДА ВО ГОСТИВАР: Попрецизна анализа на изборниот исход

„НАБРГУ ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА СЕ САМО НОВО ПАКУВАЊЕ НА ИСТА МАТРИЦА“: Ванковска вели дека изборот е социјализам или варварство

„НАБРГУ ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА СЕ САМО НОВО ПАКУВАЊЕ НА ИСТА МАТРИЦА“: Ванковска вели дека изборот е социјализам или варварство

„ПРОФЕСОРКАТА СИЛЈАНОВСКА ГО ПРЕГАЗИ СТЕВО КАКО АВТОБУС“: Со коментар на изборите се јави и Грчева

„ПРОФЕСОРКАТА СИЛЈАНОВСКА ГО ПРЕГАЗИ СТЕВО КАКО АВТОБУС“: Со коментар на изборите се јави и Грчева

ВО НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 28 СТЕПЕНИ: Доаѓа очекуваното затоплување

ВО НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 28 СТЕПЕНИ: Доаѓа очекуваното затоплување

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ: Гордана убедливо најмногу гласови, еве ги точните бројки

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ: Гордана убедливо најмногу гласови, еве ги точните бројки

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад