Се бара притвор за осомничени за трговија со оружје
Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2019
Сузбиена e криминална група инволвирана во трговија со оружје.
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека повело постапка против девет луѓе од организирана криминална група за изработка и продавање огнено оружје.
Тие се товарат за сторено кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки
материи од член 396 од Кривичниот законик.
Надлежниот јавен обвинител до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до надлежниот суд ќе достави и предлог за определување на мерка притвор.
Осомничените во текот на октомври 2018 година ја создале криминалната група, што на територијата на државата неовластено изработувала, држела, продавала и посредувала во трговија со огнено оружје и муниција во поголемо количество.
На 18.02.2019 година, од страна на БЈБ- Единицата за сериозен криминал и тероризам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактвен материјал при Одделот за криминалистичка полиција со поддршка на ОСПО и ОКТИВ, и во координација со ОЈО за ГОКК, спроведена е координирана полициска акција со цел сузбивање на повеќечлена организирана криминална група составена од лица од Скопје, Тетово и Куманово инволвирана во вршење на кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ предвидено и казниво по чл.396 од КЗ на РСМ. Во неколку различни случаи документирани се продажби на вкупно десет пиштоли.