20 Април, 2024
0.0376

Се бара ребаланс: Капиталните трошења катастрофални и во мај

Објавено во: Економија 25 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Министерствата успеале да потрошат само 13,7 отсто од предвидените капитални инвестиции за пет месеци годинава. Најновите податоци за извршувањето на буџетот покажуваат дека трендот на слаба реализација на капиталните расходи продолжува. Слична беше ситуацијата и минатат година, кога предвидените капитални трошења потфрлија најмногу во последните гдоини.

Познавачите велат дека трендот е подолготраен и дека можеби е потребен ребаланс на буџетот.

„Ако помалку се троши од планираното, а од друга страна министерот за финансии во заминување, изјави дека буџетот се полни над очекувањата, очигледна е потребата од ребаланс заради ликвидноста на буџетот. Можеби повторно се создаваат услуви за наменска прераспределба на дел од буџетот за второ големо раздолжување на општините или пак во опција е и делумно предвремено раздолжување на државата, со откуп на долгот, напиша на фејсбук Павле Гацов, даночен советник.

Додава дека може да се почекааат ефектите од мерката за поврат на ДДВ, кој освен евентуалните позитивни ефекти носи и ризици.

„А тоа е враќање на наплатен ДДВ од уредните даночни обврзници кои постојано издавале фискални сметки и уредно плаќале ДДВ и без оваа мерка. Ова ќе бидат дилеми за решавање, пред Владата во летниот период. И после овој квартал, е очигледно е дека лошо се манаџира со реализацијата на капиталните трошења од една страна, или пак се работи за лошо планирање на расходите на буџетот од друга, вели Гацов.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески пак денеска со спротивна објава на фејсбук.

„Бележиме одлична реализација на капиталните инвестиции предвидени во ресорот „транспорт и врски. Заклучно со јуни реализираме 50 отсто од гасификацијата. Уште од сега со сигурност може да најавам 100 проценти исполнување на овој клучен проект. Изградбата на социјалните згради е 100 отсто реализација. Во моментов работиме на изградба и рехабилитација на 44 патишта или вкупно 550 километри. Течат 28 проекти за изградба на 187 киломтри комунална мрежа која ќе служи за 225 илјади жители. 2019 година е економска година“, вели министерот.

Премиерот Зоран Заев пред неколку дена, кога изјави дека тој ќе биде министер за финансии на местото на Драган Тевдовски, рече дека ребаланс на буџетот можеби ќе има наесен, иако претходно тврдеше дека  еможно корекција на буџетските ставки да с енаправи и претходно односно во текот на летото.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?