14 Февруари, 2025
0.0292

СЕ БАРААТ КАНДИДАТИ ЗА ТРИ ДИРЕКТОРСКИ ПОЗИЦИИ – Владата ќе пополнува неколку места, еве што треба да исполните

Објавено во: Економија 04 Февруари, 2025

Добивај вести на Viber

Владата објави огласи за пополнување на директорските места на три институции. Станува збор за директор на Државниот инспекторат за земјоделство, на Државниот просветен инспекторат и на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

Во огласите Владата ги истакнува деталите кои кандидатите мора да ги исполнат за да се пријават, и да бидат нивните пријави земени предвид при одлучување кој ќе ја води институцијата во следниот период.

За инспекторатот за земјоделство се бара директор кој ќе ја води институцијата во следните четири години. Заинтересираните мора да се државјани на Македонија, да немаат правосилна пресуда – забрана за дејност. Треба да имаат и високо образование и минимум пет години работно искуство. Се бара и сертификат за еден од светските јазици, англиски, француски, германски или англиски, на ниво Б2.

Рокот за пријавување е до 14-ти месецов, а кандидатите покрај општите услови имаат да пополнат и дополнителни барања

Притоа со едното е предвидено да го опишат кариерниот развој, да ги покажат своите знаења за законодавството во областа, да имаат концепт за развој на институцијата, ризиците со кои очекуваат да се соочат...

Што се однесува пак до огласот за директор на Државниот просветен инспекторат, слично како и претходно, Владата бара кандидати кои следните четири години ќе ја раководат институцијата, и кои се државјани на земјата, немаат судска забрана за дејност, да имаат високо образование и потврда за познавање странски јазик.

Но, тука Владата бара кандидатите да имаат најмалку пет години работно искуство како наставник, стручен соработник или секретар во основно, односно средно училиште или во орган на управата надлежен за работите од областа на образованието. Заинтересираните може да се пријават исто така до 14 февруари.

Што се однесува пак до позицијата директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – Битола, сите кои исполнуваат услови треба да се пријават заклучно со денеска.

И тука, канидатите треба да имаа државјанство, високо образование, да немаат забрана за вршење дејност. Да има најмалку пет години работно искуство и да има еден од светски признаените сертификати за познавање на англиски јазик, не постар од пет години.
Како и претходните кандидати има за пополнување на дополнителни обрасци кои се закачени на веб страната на Владата, но и да ги достаавт барните документи до Владата.

П.О. 

Можеби ќе ве интересира

РУСКИОТ ПАЗАР „ЕКСПЛОДИРАШЕ“ ПО РАЗГОВОРОТ НА ТРАМП И ПУТИН: Геополитичкиот земјотрес веднаш се прошири и во економијата

РУСКИОТ ПАЗАР „ЕКСПЛОДИРАШЕ“ ПО РАЗГОВОРОТ НА ТРАМП И ПУТИН: Геополитичкиот земјотрес веднаш се прошири и во економијата

НЕМА САМО ДРЖАВНА ПЛАТА И СИГУРНОСТ, ЌЕ ИМА И ГОЛЕМА ОДГОВОРНОСТ - кога ќе може да „настрадаат“ административните службеници

НЕМА САМО ДРЖАВНА ПЛАТА И СИГУРНОСТ, ЌЕ ИМА И ГОЛЕМА ОДГОВОРНОСТ - кога ќе може да „настрадаат“ административните службеници

САМО „ПУЦКО ПЕТРОЛ“ ИМА „СТОМАК“ ЗА ЈСП СКОПЈЕ! Зошто никој друг не се јавил на тендерот за набавка на дизел вреден 27 милиони евра?

САМО „ПУЦКО ПЕТРОЛ“ ИМА „СТОМАК“ ЗА ЈСП СКОПЈЕ! Зошто никој друг не се јавил на тендерот за набавка на дизел вреден 27 милиони евра?

Може ли државата со 10 милиони евра за станови да им се спротистави на ненаситните инвеститори?

Може ли државата со 10 милиони евра за станови да им се спротистави на ненаситните инвеститори?

ДРЖАВНИ СУПЕРМАРКЕТИ КОИ ЌЕ РАБОТАТ СО ФИКСНА МАРЖА ОД 10 ПРОЦЕНТИ: Д-р Беќаровски со интересен предлог за отворање Народни Магазини

ДРЖАВНИ СУПЕРМАРКЕТИ КОИ ЌЕ РАБОТАТ СО ФИКСНА МАРЖА ОД 10 ПРОЦЕНТИ: Д-р Беќаровски со интересен предлог за отворање Народни Магазини

DEEP SEEK ИМ ДАВА ПРЕДНОСТ НА КИНЕСКИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ЧИПОВИ: Трката за поевтина вештачка интелегенција е реална

DEEP SEEK ИМ ДАВА ПРЕДНОСТ НА КИНЕСКИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ЧИПОВИ: Трката за поевтина вештачка интелегенција е реална

Ѓорѓи Петрушев во „Бизнис-клуб“: „Националниот совет за извоз ќе помогне во едукацијата на компаниите и во нивните напори за извоз“

Ѓорѓи Петрушев во „Бизнис-клуб“: „Националниот совет за извоз ќе помогне во едукацијата на компаниите и во нивните напори за извоз“

ПО НАЈАВАТА НА ТРАМП ДЕКА ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО ПУТИН: Се зголеми вредноста на еврото

ПО НАЈАВАТА НА ТРАМП ДЕКА ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО ПУТИН: Се зголеми вредноста на еврото

Средба Божиновска - ЗЕЛС: Струјата не смее да биде луксуз, jавните институции нема да останат сами во борбата со високите сметки

Средба Божиновска - ЗЕЛС: Струјата не смее да биде луксуз, jавните институции нема да останат сами во борбата со високите сметки