24 Април, 2024
0.0287

Примамливи плати за работа на море: Се бараат сезонски работници во Бугарија

Објавено во: Балкан 12 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Петстотини евра е почетната плата која ја нудат работодавците на сезонски работници во источна Бугарија. Ова е износот кој најчесто се наоѓа во понудите од страна на вработувачите.

Најмногу се бараат работници за работа на море, бидејќи сеуште стотици слободни места стојат празни во одморалиштата, пишуваат медиумите од регионот.

Понуда за трите месеци во текот на летото има и во поголемите градови, првенствено за работа на отворено - продавачи на различни видови храна од колички на улица и келнери во угостителски објекти кои ги зголемуваат своите места од мај до септември. Понудените плати се доста примамливи, во зависност од работното место.

Во канцелариите за вработување во соседна Бугарија од почетокот на оваа сезона работодавците бараат 21 778 сезонски работници, во областа на градежништвото, туризмот, угостителството, земјоделието и др.

За летната сезона во морските летувалишта понудите се најчесто за готвачи, шанкери и келнери, собарки и рецепционери. Достапни работни места има и за спасители на базен и на плажа, како и за работници за во помали хотели. Платите кои се нудат се различни, во зависност на обемот на активностите кои ги бара работодавачот и бараната професија.

Така на пример за готвач во ресторан платата која се нуди е до 2000 лева, односно 1000 евра за месец. Додека за готвач во ресторан за брза храна платата се движи од 900 до 1300 лева, т.е од 450 до 700 евра. За бармени и келнери на Златните песоци се нуди плата од 800 до 1000 лева,додека за кујнски работник 650 - 700 лв, а за помошник во кујна до 1100 лв, за помошник готвач (ноќна смена) - до 1400 лв.

За собарка во хотел сезонски се нуди плата околу 900 лева, ним им е обезбедено и сместување, односно спиење. Во одморалиштата се бараат и обезбедувачи, градинари и работници во одделот за перење и чистење.

Ресторан за брза услуга бара да назначи вработени на сезонски договор од 600 - 900 лв.  За време на летната сезона покрај морето се бараат и магацински работници за 800 до 1000 лева, и општи работници со плата од 900 - 1000 лв.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?