16 Април, 2024
0.0291

СЕ ЧУВСТВУВА ДОБРО, АМА СИГУРНО ИМА КОВИД - Слави Трифонов денеска го добил позитивниот тест

Објавено во: Балкан 10 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Лидерот на втората политичка сила на неодамнешните парламентарни избори во Бугарија, „Има таков народ“, Слави Трифонов е позитивен на тестот на Ковид-19, изјави денеска заменик претседателот на партијата Тошко Јорданов.

Во соопштението до медиумите Јорданов наведува дека Трифонов имал симптоми на коронавирусот, но денеска тестот се покажал позитивен.

„Господин Трифонов е добро, се наоѓа во карантин и ги почитува сите барања и правила на Националниот кризен штаб“, истакна Јорданов.

Ноќта на парламентарните избори во Бугарија на 4 април, лидерот на бугарската партија „Има таков народ“ објави дека има симптоми на Ковид-19, по што ги направи потребните испитувања.

Претходно денеска, шест дена по изборите во Бугарија, лидерот на „Има таков народ“, Слави Трифонов на Фејсбук им се заблагодари на своите избирачи.

„Во име на моите колеги и во мое име, искрено им се заблагодарувам на сите што гласаа за нас. Ова е значењето на довербата, а довербата е највисоката форма на човечка комуникација“, напиша Трифонов на својот фејсбук-профил.

Тоа се случи откако во утринскиот блок на БНТ, лидерот на Бугарската социјалистичка партија (БСП) Корнелија Нинова најави дека ќе поддржи евентуална влада предложена од Трифонов.

Можеби ќе ве интересира

„Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница“ - вака им одговори Вучиќ на новинарите од Сараево

„Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница“ - вака им одговори Вучиќ на новинарите од Сараево

ХРВАТИТЕ СЕ ПЛАШАТ ДЕКА НИВНАТА СЕЗОНА ЌЕ ПУКНЕ: Туристите веќе почнаа да ги избегнуваат во широк круг, еве зошто се толку огорчени!

ХРВАТИТЕ СЕ ПЛАШАТ ДЕКА НИВНАТА СЕЗОНА ЌЕ ПУКНЕ: Туристите веќе почнаа да ги избегнуваат во широк круг, еве зошто се толку огорчени!

ПРЕКУ ОТВОРЕН БАЛКАН СЕ БАРААТ СЕЗОНСКИ РАБОТНИЦИ И ЗА АЛБАНИЈА: Сезонава се очекуваат над 10 илјади туристи, а нема кој да работи

ПРЕКУ ОТВОРЕН БАЛКАН СЕ БАРААТ СЕЗОНСКИ РАБОТНИЦИ И ЗА АЛБАНИЈА: Сезонава се очекуваат над 10 илјади туристи, а нема кој да работи

МАЈКАТА НА МАЛАТА ДАНКА ГО НАПУШТИЛА СТАНОТ: Скршена е, одбива да јаде и постојано прашува „каде е моето девојче?“

МАЈКАТА НА МАЛАТА ДАНКА ГО НАПУШТИЛА СТАНОТ: Скршена е, одбива да јаде и постојано прашува „каде е моето девојче?“

МОЖЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ ВО ИТАЛИЈА, А ДА РАБОТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИЛИ БИЛО КАДЕ ВО СВЕТОТ: Еве кои услови треба да ги исполните и колку се чека за виза

МОЖЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ ВО ИТАЛИЈА, А ДА РАБОТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИЛИ БИЛО КАДЕ ВО СВЕТОТ: Еве кои услови треба да ги исполните и колку се чека за виза

ДАЧИЌ ДО ОСМАНИ: Изјавата е „дрска“

ДАЧИЌ ДО ОСМАНИ: Изјавата е „дрска“

ВЕЖБА ВО СРБИЈА: Специјалец е повреден откако скокнал од хеликоптер, а друг паднал во вода и исчезна

ВЕЖБА ВО СРБИЈА: Специјалец е повреден откако скокнал од хеликоптер, а друг паднал во вода и исчезна

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Уапсените мажи одат на психијатриско вештачење?

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Уапсените мажи одат на психијатриско вештачење?

ВУЛИН ЗА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Северномакедонците знаат дека нивниот глас не значи ништо

ВУЛИН ЗА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Северномакедонците знаат дека нивниот глас не значи ништо