Се евакуираа грчки села поради пожар
Објавено во: Балкан 27 Август, 2019
Поради голем пожар попладнево беа евакуирани две грчки села, Неохори и Палеохори.
На пожарникарите во гаснењето на огнот им помагаа и противпожарни летала. Силниот ветер дополнително им ја отежнуваше работата.
Сепак, вечерва пожарот на Крф е ставен под контрола.