26 Јануари, 2025
0.0268

Се фрла храна која може да се даде на сиромашните

Објавено во: Економија 29 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Наместо да се фрла, храната во Македонија може да се даде на сиромашните семејства. 

Во земјава се фрла речиси една четвртина од вкупното количество храна со која располагаат маркетите, рестораните, производителите и дистрибутерите. Најмногу храна фрлаат дистрибутивните ланци чии производи се со краток рок на траење, потоа следат рестораните и домаќинствата.

Ова го покажува истражувањето спроведено во рамки на проектот „Храната за гладните, а не на депонија“ што беше презентирано денеска. Вкупно 99% од испитаниците одговориле дека сакаат да ја донираат храната, а 45% од отпадот од домаќинствата е органски според истото истражување. 

Банката за храна пред пет години покренала иницијатива за донесување закон за нефрлање храна во земјава, но не добила одговор од надлежните. По изборите пак ќе има ваква иницијатива. 

„Илјадници тони храна која е добра за консумирање, секоја година завршува на депонија. Овошје и зеленчук што стоеле неколку денови, но не се расипани, млеко и месо со нивните преработки кои се пред истекот на рокот, леб, печива, слатки и друга пакувана храна секојдневно се исфрлаат од македонските маркети и ресторани“ - вели Душко Христов од Банката за храна. 

Истражувањето е направено во Тетово, Скопје, Битола и Струмица изминатите неколку месеци од  „Храна за сите - Банка за храна Македонија“.

Македонија се наоѓа меѓу седмото и осмото место по фрлање храна во светот гледано според бројот на жители. САД најмногу фрлаат храна во глобални рамки.





Можеби ќе ве интересира

Меѓународен ден на чиста енергија - Божиновска со студентите: Младите се иднината на чистата енергија и иновациите

Меѓународен ден на чиста енергија - Божиновска со студентите: Младите се иднината на чистата енергија и иновациите

ПОЗНАТА КОМПАНИЈА НАЈАВУВА ОТКАЗИ - отпуштаат работници поради намалени нарачки, но подготвува и голема инвестиција

ПОЗНАТА КОМПАНИЈА НАЈАВУВА ОТКАЗИ - отпуштаат работници поради намалени нарачки, но подготвува и голема инвестиција

РАДИЈАТОРИТЕ ИМ СЕ ЛАДНИ - расте бројот на домаќинства кои не можат соодветно да се загреат во Европската унија

РАДИЈАТОРИТЕ ИМ СЕ ЛАДНИ - расте бројот на домаќинства кои не можат соодветно да се загреат во Европската унија

„ЕВРОПА ЗАОСТАНУВА ЗАД САД“: Кристалина Георгиева од Давос со остра критика за стариот континент

„ЕВРОПА ЗАОСТАНУВА ЗАД САД“: Кристалина Георгиева од Давос со остра критика за стариот континент

УШТЕ ЕДНА КОМПАНИЈА ВО ГЕРМАНИЈА „СТАВА КЛУЧ НА ВРАТАТА“: речиси 500 работници во Франкфурт ќе останат без работа

УШТЕ ЕДНА КОМПАНИЈА ВО ГЕРМАНИЈА „СТАВА КЛУЧ НА ВРАТАТА“: речиси 500 работници во Франкфурт ќе останат без работа

Сашо Клековски објасни зошто нема лекови на „Онкологија“: Не сакаме да купуваме на реверс

Сашо Клековски објасни зошто нема лекови на „Онкологија“: Не сакаме да купуваме на реверс

Започнува „кампањата“ за нов гувернер на Народна банка, кој е првиот пик на власта?

Започнува „кампањата“ за нов гувернер на Народна банка, кој е првиот пик на власта?

Божиновска во рудникот САСА – Приоритет се одржливи рударски практики и безбедност на рударите

Божиновска во рудникот САСА – Приоритет се одржливи рударски практики и безбедност на рударите

Европа не вложува во иновации, затоа економијата на САД е сега посилна

Европа не вложува во иновации, затоа економијата на САД е сега посилна