Се „готви“ нов Закон за приватните агенции за вработување
Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2018
За приватните агенции за вработување се подготвува нов Закон.
Од Министерството за труд и социјална политика соопштија дека наместо досегашните два закона со кои се регулираше оваа област, сега се нуди еден а во изготувањето на законот биле опфатени сите засегнати страни.
Цел
на Предлогот на Закон е да постои единствено регулирање на приватните
агенции за вработување и надминување на постојните проблеми при имплементација
на законите, кои како предмет на уредување ги имаат приватните агенциите за
вработување, како и заштита на работниците вработени преку овој вид на агенции
од можни злоупотреби а предлог Законот доби позитивно мислење од Економско-социјалниот совет.
Сега предлог законот е доставен до Влада.