29 Септември, 2024
0.0285

СЕ ГРИЖАТ ЗА ЛУЃЕ СО ТЕЖОК ИНВАЛИДИТЕТ, А НА КРАЈОТ НА ДЕКЕМВРИ СЕ УШТЕ НЕМААТ ИСПЛАТА ЗА НОЕМВРИ: Персоналните асистенти огорчени пред празничната еуфорија

Објавено во: Македонија 27 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

За само 13.000 денари се грижиме за луѓе кои имаат тежок инвалидитет, луѓе во колички, слепи лица, наши сограѓани на кои им е потребна помошта што несебично им ја даваме, и без која не би можеле да функционираат поинаку, но и овој надоместок што треба редовно да го земаме, еве доцни. На крајот на декември, се уште нема исплата за ноември, а тоа што требаше да го земеме за окотмври, го добивме на средина на декември. Дали некој има слух за тоа што го правиме секојдневно, огорчено велат дел од персоналните асистенти во разговор за Фактор.

Посочуваат дека станува збор за работа од 80 часа месечно и дека програмата што ја спроведоа Црвениот кртст преку центрите за социјална помош, односно Минситерството за труд и социјална работа е една од најважните во општеството и дека навистина наликува на програмите во високоразвиените земји. Од една страна се ангажираат лица кои немаат работа, од друга страна, беспомошните добиваат целосна грижа, но како што истакнуваат, ваквиот ангажман треба редовно да биде исплатен, зошто во спротивно се би пропаднало.

-Разочарани сме целосно. Ова доцнење не е прво. Исплата за некои од месеците и претходно доцнеше. Верувајте дека не е лесно да се погодат личен асистент и корисник целосно. Многумина од нас се откажуваат, самите корисници некои од нас не прифаќаат. Тоа се луѓе кои имаат навистина специфични потреби. Се грижиме за нивната лична хигиена, пазариме за нив, им помагаме во домот. Па и ние имаме сосптвени семејства, деца, кои чекаат на тие пари. Само тие пари се, други нема. Секој сака да стави нешто под елката, макар чорапчиња. Секој сака да стави нешто повеќе во фрижидер. Празниците се за сите, а ова е веќе безобразно од страна на Министерството за труд и соцојална политика. Последното известување беше дека не им работел системот. Оправдување во кое се сомневаме, најлесно е да се каже системот „падна“. Од наша страна, сета документација е на време доставена, на време доставуваат и нашите координатори, никаде нема никакв застој освен во надлежното министерство. Со нивното однесување, ја доведуваат програмата во опасност. Зошто да пропадне ваква социјална, хумана програма заради незаинтересираниоста на вработените во Министерството за труд и социјална работа да го сработат тоа што треба, посочуваат персоналните асистенти.

Од Министерството за труд и социјална политика единствено што уверуваат е дека до крајот на месецов ќе бидат завршени сите исплати, не посочувајќи детали точно кога и зошто доцнат надоместоците на персоналните асистенти.

А. Б.


Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„Гледаме дека претседателот на Собранието има двојни стандарди“: Спасовски за законот за бранители - време е да се затвори ова прашање

„Гледаме дека претседателот на Собранието има двојни стандарди“: Спасовски за законот за бранители - време е да се затвори ова прашање

ПРЕТРЕСИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ НИЗ ОХРИД - едно лице зад решетки поради изнуда и лихварство

ПРЕТРЕСИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ НИЗ ОХРИД - едно лице зад решетки поради изнуда и лихварство

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: 24 годишно момче од Свети Никола загина во сообраќајна незгода на автопатот Тетово-Скопје

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: 24 годишно момче од Свети Никола загина во сообраќајна незгода на автопатот Тетово-Скопје

„Ќе ја направиме Македонија поубаво место за живеење“: Николовски објави видео од автопатот Тетово-Скопје, граѓаните бараат да се работи насекаде

„Ќе ја направиме Македонија поубаво место за живеење“: Николовски објави видео од автопатот Тетово-Скопје, граѓаните бараат да се работи насекаде

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја закочи европската иднина на Македонија и сега ги прави граѓаните жртви на своите политички игри

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја закочи европската иднина на Македонија и сега ги прави граѓаните жртви на своите политички игри

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени