25 Април, 2024
0.0674

СЕ ГУШИМЕ И МОЛЧИМЕ: Oва се земјите во Европа каде граѓаните го вклучуваат алармот

Објавено во: Свет 11 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Во Македонија 10 до 14 проценти од граѓаните пријавиле дека се изложени на загадување, што е малку во однос на другите европски земји, иако се знае дека Македонија и БиХ се двете најзагадени држави во Европа, покажуваат податоци од Евростат.

Македонците си молчат за загадувањето, додека во Германија, Грција, Малта граѓаните алармираат дека има големо загадување. Во Косово, Албанија, БиХ помалку од 10 проценти изјавиле дека се изложени на загадување. Кај Словенците, Романците  и Бугарите, загриженоста е поголема и во овие земји 14 до 18 проценти од населението изјавило дека е изложено на загадување.

„Не е дека животната средина не е важна, но луѓето се огорчени и засегнати од други приоритети, како што е сиромаштијата. Сите знаеме што е убаво, отпадот е една навреда за очите, но луѓето прво мислат дека треба за леб да заработат и затоа животната средина е некаде подолу во приоритетите. За животната средина мора долгорочно да се мисли, затоа што тие проблеми ќе ги погодат сите, без разлика дали се сиромашни или богати. Многу фабрики во земјава се без филтри, и од тоа сите се гушиме“, вели Јорданка Калајџиеска, екологист од здружението Виножито во Штип.

Според податоци на Евростат, 14 проценти од граѓаните на ЕУ пријавуваат изложеност на загадување, но од земја до земја овој процент варира.

Во 2017 година, Малта забележа најголем удел во својата популација 26,5 проценти  кои изјавиле дека се изложени на загадување, во Германија за истото реагирале 24,5 проценти,  и Грција 20,3 проценти. Стапките на изложеност на загадување или други проблеми со животната средина, исто така, беа над просекот на ЕУ во Луксембург, Латвија, Словенија, Литванија, Бугарија и Романија.

Данска, Финска и Шведска, заедно со Хрватска, забележаа некои од најниските стапки на изложеност на загадување, помеѓу 6 и 8 проценти. Земјата-членка со најмал удел на популацијата што пријавила изложеност на овие проблеми со животната средина била Ирска, со 5,3 проценти.

Повеќе македонски градови како Скопје, Тетово, Куманово, Битола беа меѓу најзагадените во Европа лани. Во зимските месеци загадувањето доживува кулминација.

Иако грејната сезона не е почната, синоќа Скопје на air visual беше 13-от најзагаден град на светот. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек