СЕ ИСПЛАШИЈА ЛИ СУДИИТЕ ОД ВЕТИНГОТ - тој треба да прочисти, но не и да лустрира

Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2019
Власта изгледа се реши дека што побргу мора да го проветрува судството. Таа и ветува дека ако не веднаш, тогаш после изборите на 12 април, ако победи, ќе почне да проверува колку судиите се чесни, одговорни и професионални, и ќе го прочистува судството од корумпираните судии.
Стручњаците, пак, сметаат дека ветингот не смеат да го спроведат политички партии, а при овој процес, покрај добрите страни, мора да се земат предвид и последиците што може да ги донесе тој процес. Има и мислења дека ветингот треба да го спроведе независно тело, помогнато од меѓународен експерт.
Според познавачите, пред да се примени ветингот, процесот мора да гарантира дека нема да биде како лустрацијата пред неколку години, кога „настрадаа“ многу невини лица и беа посрамотени пред јавноста.
А Владата сериозно размислува и како би се извел ветингот. Судиите би се „скенирале“ не само од аспект на имотот, туку и од аспект на врските и влијанијата што ги имаат, што воопшто нема да биде лесен процес.
Министерката за правда Рената Дескоска вчера рече дека мора да се бараат начини да профункционира отчетноста и одговорноста во рамки на судството, а ветингот не е лесен процес и тој треба да се изврши транспарентно и професионално.
„Корумпиран судија на сите прави штета, подобро е да го нема отколку да го заразува здравото ткиво, подобро сто, двеста квалитетни, отколку 300 неквалитетни кои прават поголема штета. Ветингот е процес што треба да има согласност со двотретинско мнозинство, да изградиме кредибилиен процес. Нас ни треба процес во кој сите ќе веруваат дека се врши транспарентно, професионално. Мој предлог е во таа ветинг комисија да учестуваат претставници на европски институции, со цел да се задржи довербата во тој процес“, рече министерката.
Кој сè ќе биде опфатен со проветрувањето и дали во процесот ќе влезат и обвинителите, носителите на јавните законодавни и извршни функции и политичарите, уште не се знае. Треба да се најде решение и за тоа кој и на кој начин ќе ја врши проверката и колку долго ќе трае, но и какви последици ќе сносат судиите што ќе бидат фатени во корупција, во спрега со мафијашко-криминалните подземја и со разни лоби групи или оние што ја лажирале сопствената стручна подготвеност за вршење на функцијата.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Промена на грбот ќе има, но Касами говори дека и химната треба да се смени

Дали Влатко Ѓорчев е Македонецот кој молел Стејт департментот да не ја урива Владата на Груевски?

КОСТАДИНОВ: Од денес над Македонија, до Рока Мандолина!

КАСАМИ: Не само грбот туку и химната треба да се менува

Македонец во Стејт Департментот молел да не падне владата на Груевски

БОРИСОВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ ЗА БУГАРИ ВО УСТАВОТ: Toa e aпсолутна првокација

ЗАПЛЕНЕТИ НАД 188 КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА „ТЕШКА“ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - Царина и БЈБ со детали за стопираниот извоз на дрога

Обвинителството нареди вонреден надзор над загадувачите на воздухот во Скопје

ГОЛЕМИТЕ СИНЏИРИ МАРКЕТИ ЗАРАБОТИЈА КАЗНИ ОД ВКУПНО 82 ИЛЈАДИ ЕВРА ОД АХВ - нехигиенски држеле и продавале месо, а имало и со поминат рок
