19 Април, 2024
0.0262

СЕ ИЗЛЕА НАФТА: Путин прогласи вонредна состојба

Објавено во: Свет 04 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Претседателот на Русија, Владимир Путин прогласи вонредна состојба откако 20.000 тони нафта се излеаја во река во Арктичкиот круг.

Се работи за контаминирана површина од 350 квадратни километри, јавуваат државните медиуми.

Со електраната управува фирма ќерка на Норилск Никел, водечка светска компанија во производство на никел и паладиум.

Путин вчера остро го критикуваше челникот на компанијата за неговиот задоцнет одговор.

Гувернерот на покраината, каде се наоѓа електраната, претходно му рекол на Путин дека дознал за несреќата во неделата, откако „се појавија алармантни информации на социјалните мрежи“.

Путин нареди да се започне истрага за несреќата, а управителот на електроцентралата е во притвор.

На шефот на термоцентралата Вјачеслав Старостин, му е одреден притвор до 31 јули. Тој е обвинет за кршење на законите за заштита на животната средина, како и за небрежност.

Гринпис Русија соопшти дека несреќата е „прва несреќа од таков обем на Арктикот“.

Нафтата достигнала до 12 километри оддалечената река Амбарнаја, чии делови се во црвена боја. 

Се верува дека ова е втора најголема несреќа во модерната руска историја.

Ова не е прва несреќа во погоните на Норилск Никел. Таа компанија во 2016 година призна дека поради несреќа во еден од погоните реката станала црвена.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените