28 Март, 2024
0.0299

СЕ ЈАВИ ГРУЕВСКИ: Еве што тој планирал да прави со ГТЦ

Објавено во: Македонија 26 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, на својот Фејсбук профил објавави каков бил планот за реконструкција на Градскиот Трговски Центар, откако во јавноста беа презентирани негативни финансиски извештаи за неговото работење.

Концептот на отворени трговски центри оддамна е напуштен. Тоа го знаев и ми беше јасно уште пред повеќе од 20 години, како што ми беше јасно дека ГТЦ со време ќе пропадне, доколку не се затвори и модернизира.

Оддамна непостојат шопинг центри во големи градови каде одејќи по продавници може да ти претрчуваат или да те нападнат улични животни, да ти е многу студено во зима или многу жешко во лето.

Во Скопје оддамна има модерни шопинг центри и јасна е разликата. Колку и локацијата да е централна, а навиката за посета стекната, новото време и конкуренцијата бара промени и прилагодувања.

Затворањето на ГТЦ значи и неминовна промена на надворешниот изглед, а кога веќе се избира нова фасада тогаш се мислеше дека на таква првокласна локација која е слика на центарот на главниот град може да биде некој историски архитектонски стил кој ќе биде многу атрактивен, привлечен и нов бенчмарк на главниот град на републиката. Додатно на ова, планот беше ГТЦ да добие уште еден кат плус кој можеше да биде хотел, или било што друго комерцијално.

Со продажбата на тој кат, планот беше да се вратат парите кои од буџетот ќе се вложеа во затворањето, новата фасада и темелното реновирање и разубавување на ГТЦ во неговата внатрешност.

Во тоа време некои луѓе во СДСМ кои ништо не сработиле во животот за општо добро а имале такви можности, се исплашија дека со спомениците, новите објекти во современ и во историски стил и со новите фасади во историски стилови, ВМРО-ДПМНЕ создава нешто што трајно ќе потсетува на неговото владеење, но во исто време и на неработењето на СДСМ кога биле на власт, или како што јавно рече во една прилика еден нивни злобен перјаник - Мирослав Грчев “ВМРО со ова си создава трајни билборди”. Го слушнав и си помислив “а зошто не создававте и Вие,зошто ништо не изградивте, подолго бевте на власт од ВМРО”…

Еве сега се шест години повтоено на власт, пак ништо ни градат, ни создаваат. Само “млатење празна слама”, политички прогон на политичките конкуренти, понизност пред меѓународната заедница за да им помогне да останат подолго на власт придружена со одстапки на националните прашања и крадење на ангро.

Пријатели од Скопје ми кажуваат дека ГТЦ е веќе неповратно пропаднат како таков што е сега, дека скоро пола продавници на приземјето не работат а на катовите многу помалку. Нормално е во вакви услови дополнително да пропаѓа и во загуби и со затворање на дуќаните.

Во тоа време се појави една група која се преставуваше како некакво граѓанско движење наречено “Го сакам ГТЦ” или така некако што секако беше во задскриена организација и полна логистика на СДСМ, со водачи поставени од нив. Целта беше да се престави дека не се партиски туку независни, а со цел да им се придружат и некои други граѓани кои не сакаат да се идентификуваат со партија и плус да не излезе дека е меѓупартиска борба туку “народот против власта”.

Па организираа протести на кои го “гушкаа” ГТЦ. Во ред, се собраа многу луѓе, очигледно организаторот со кампања успеа да создаде негативни чуства кај поголема група наши граѓани, голем дел од нив партиски припадници, но и еден дел кои не беа. Протестираа со денови, направија дури и референдум во општина Центар кој не успеа заради недоволна излезност, но сепак процентот на излезност на центарци беше иако недоволен, сепак висок.

Градежниот зафат се одложи за да се смират страстите а потоа почна политичката криза и ГТЦ остана да пропаѓа.

Дуќанџиите во ГТЦ го прифаќаа проектот, бидејќи им беше од корист и беше шанса долгорочно да си го спасат бизнисот. Ама кога почна оркестрираниот напад на нас, кои сакавме да им помогнеме, си молчеа и гледаа сеир наместо да излезат јавно и да се спротистават на протестите, да објаснат дека тоа е спас за нивниот бизнис и вработени.

Затоа сега, сите “гушкачи” и нивни подржувачи можат пак да се соберат ама овој пат не на гушкање, туку на “парастос” на испразнетитот од купувачи ГТЦ, затворените продавници, отпуштените работници и милионските загуби.

Човек како што може сам да си направи штета, никој друг неможе да му направи таква штета.

(Подолу фотографии од новиот изглед ГТЦ)

П.С. Не е само ГТЦ жртва на политиката и погрешниот концепт на СДСМ. И Драмски театар е исто така.

Таму поминав доста време како студент учествувајќи во три престави и добро ги знаев маките кога на пример ќе заврнеше дожд. Ги знаев и коментарите на вработените во смисла дека е срамота што во тоа време најпопуларниот театар со најпознати актери и доајени на македонското актерство работат во такви мизерни услови. Имав додатен и личен мотив да помогнам таму и некаква морална обврска. Со кофи на сцената се играа престави кога надвор врнеше. Реновирањата помагаа ама не за долго. Да не раскажувам други призори на еден така дотрајан објект.

За “Драмски Театар” Скопје, одкако неколку години загубивме во неуспешен обид објектот да се гради во јавно приватно партнерство за да се заштедат буџетски средства, се изработи нов проект за нов објект (со современа стил на архитектура), на местотото на сегашните дотрајани простории кои кога се изградиле во 1965 година биле прогласени како објект од времен карактер.

Се обезбеди буџет за изградба, се изврши избор на градежна фирма - изведувач и фирма за надзор. 17.700 мкв простор. Голема сала со 397 седишта (колку што самите бараа), мала сала 100 седишта.

По избор на вработените се одлучи привремно преставите и пробите да се одвиваат во тогаш штотуку реконструираниот културен дом во општината Кисела Вода, значи да нема застој во работата додека се гради, но пред самиот почеток на градбата, кој се поклопи со политичката криза во 2015/2016 година дел од вработените актери блиски до СДСМ најавија штрајкови, протести и блокади барајки да останат во сегашните дотрајани простории со образложенија од типот дека го сакале мирисот на даските во сегашниот театар, што секако беше политичка активност во време на една поширока кампањата за рушење на владата, бидејки и сцената на новиот театар ќе беше од даски, а и тие даски ќе мирисаа исто така на даски и никако поинаку.

Како и да е, групата од познати имиња преку медиумите најави дека со жив штит ќе го штителе стариот објект од рушење со цел изградба на нов, ќе легнеле пред багерите и слични закани за политички скандали во пресрет на изборната кампања.

Ја замолив министерката за култура да направи разговори и да ми даде проценка. Проценката беше дека групата е спремна на таков вид “политички театар”, дека сето тоа на другите нивни колеги им е несватливо, но дека ќе имаме нови проблеми на сите оние кои веќе и онака ги имавме.

Така одлучивме да го одложиме проектот за периодот после изборите, кога ќе се состави нова влада, бидејќи очекувавме победа, како што и се случи, но за жал се случија и други работи, странски замешателства, па новата влада ја составија поразените на изборите.

Тоа ја спречи новата градба со современ архитектонски стил, многу поголем театар со многу поголем простор, комплетно нова и најсовремена сценска опрема, голема и слична на онаа во новиот МНТ, голема и мала сцена, најмодерна климатизација, а за жал новата власт на СДСМ не ни помисли, на крај на памет не им падна, да инвестира пари во нивниот работен дом каде можеби поминуваат подеднакво часови, некогаш и повеќе одколку дома и каде и публиката многу подобро ќе се чувствуваше. Да не го запреа, да тргнеше градбата тогаш, уште пред четири или максимум три години ќе беше завршена.

Ќе си останат уште децении во старите простории од “привремен” карактер, нешто слично на бараки, како од земји од третиот свет.

И немаат морално право да ја критикуваат државата за тоа, барем не оние кои беа во таа група, кога ќе прерипуваат кофи на сцена кога надвор врне и ќе се лизгаат на влажната сцена, кога ќе коментираат колку подобра сцена, услови и опрема има МНТ, кога ќе дува од сите страни, кога ќе се “варат” внатре од април до јуни и во септември и октомври, кога е загушливо во салата, кога ќе паѓа кровот или не се затвораат прозорите некаде, кога гледаат како се распаѓа сѐ, или кога одат по други театри со многу подобри услови а се потсетуваат во какви услови се тие, итн…

Заслепени од партиските политики и кампањи, дел од актерите не го фатија бранот на инвестиции во културата, а и генерално инвестиции на сите полиња. Мешајки ја политиката во културата, сакајки да се допаднат на СДСМ дека и тие со нешто допринеле во политичката битка на партијата која ја подржуваа, сами себе си направија штета. Нов таков бран, којзнае кога ќе дојде.

Тоа е…Од главата си патиме.

Сепак, независно што заради политички мотиви погрешиле, тие луѓе таму заслужуваат нов и достоинствен работен дом. Публиката исто така. Проектот е готов и стои во Министерството за култура. Ако не им се допаѓа нека направат нов.

Потребна е политичка волја“, напиша тој. 

Можеби ќе ве интересира

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

МОТИВИТЕ ЗА УБИСТВОТО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО НЕГОВАТА ПРОФЕСИЈА - приведени се двајца за убиството на матичниот доктор во Железара

МОТИВИТЕ ЗА УБИСТВОТО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО НЕГОВАТА ПРОФЕСИЈА - приведени се двајца за убиството на матичниот доктор во Железара

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОЛЕТТВА - Славчо Попоски со прогноза за следниве месеци

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОЛЕТТВА - Славчо Попоски со прогноза за следниве месеци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6

КУМАНОВЕЦ „ОЛЕСНЕТ“ ЗА 800 ЕВРА: Му дале бижутерија лажејќи го дека е дијамант

КУМАНОВЕЦ „ОЛЕСНЕТ“ ЗА 800 ЕВРА: Му дале бижутерија лажејќи го дека е дијамант