19 Април, 2024
0.0278

СЕ ЈАВИ ГРУЕВСКИ: Ставате ,,црн печат“ на една 140 годишна крвава битка за македонското прашање

Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Eкс премиерот, Никола Груевски, се јави со ФБ статус, посветен на гласањето во Парламентот за уставни измени.

Вели дека ова се историски одлуки. Груевски тврди дека е можен подобар и пофер договор. Не заборавајте дека ставате ,,црн печат“ на една 140 годишна крвава битка за македонското национално прашање, пишува Груевски. Таа пролеана крв заслужува македонското прашање да се затвори, но во полза на Македонците. Или поинаку кажано да се затвори, но не на штета на Македоците, наведува тој. 

„Течат последните часови до промената на Уставот заради Преспанскиот договор и промената на името, идентитетот, историјата… Кога овие измени ќе поминат во македонскиот парламент, Грција сигурно нема да ја пропушти оваа историска шанса да постигне договор кој за нив е целосен триумф а за нас содржината на тој договор е национална катастрофа. Договор за каков пред две години не сонуваа. Како што кажав во мојот статус во јуни, со овој договор станаа јасни сите некому претходно нејасни работи.  Секому стана јасно дека без национално предаство во минатото договор со Грција не бил можен и дека се што се случува во последните 4 години беше во функција на овој и баш ваков договор. Од креираните матерјали, вештачкото креирање негативна слика за ВМРО-ДПМНЕ со невидена досега пропаганда.  Преку спречувањето да формира влада по изборите во 2016та, незаконското назначување претседател на парламентот, преку судските прогони кон стотици политичари и нивни соработници, притврања, апсења, ненадејни ослободувања од притвори, закони за амнестии, прогонот кон мене лично со фабрикувани обвиненија, и редица други работи со кои на крајот ги скршија законите, основните принци на однесување и работење и темелните морални вредности во Македонија, со што како ,,нус ефект,, се создаде атмосфера иселувањето од Македонија да стане пет пати поголемо од претходно.  Се направи се, за најправо да се изгласа штетниот договор со Бугарија па неуставната двојазичност и конечно главната работа заради која беше осмислена целата операција: промената на името со марионетска влада и пратеници.  За жал, големите политички прашања не секогаш можат да решат со правни инструменти. Според силата на поредокот пред векови е констатирано дека прва е војната, втора е политиката па на трето место е правото. Гледаме на дело со стотици примери во последните речиси две години, како политиката го суспендира правото. Или уште повалканото, како правото се стави во функција на политиката.  Но, тоа не е веќе демократија. Јас бев и сум голем подржувач Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ. Нашето место е таму и во сојуз со Америка. И бев за концепт за разумен компромис за таа цел. Тој концепт со овој договор е мртов.
Мнозинството од народот не се согласува со овој договор, што се виде и од исходот на референдумот. Но, марионетската власт е решена да оди против неговата воља, по секоја цена и да го стави секого во затвор, протера или ликвидира, кој ќе и се попречи на патот. Народот излегува и протестира, но сега веќе одлуката е во рацете на пратениците. На оние 79,80 или 81 пратеника.  За пратениците на мнозинството, ова не е ноќ за спиење. Оваа ноќ е последна шанса за размислување и премислување со ставањето на националниот пред партискиот и/или личниот интерес. Знам дека не ви е лесно….барем јас знам.

Пред два месеца, Никола Груевски избега од Македонија. Тој се бара со меѓународна потерница за издржување двегодишна казна затвор.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени