Се јави Самарас: Преспанскиот договор е опасен
Објавено во: Македонија 15 Декември, 2018
Поранешниот конзервативен премиер Андонис Самарас денеск изјави дека му се лути на актуелниот претседтел на грчката влада Алексис Ципрас поради договорот потпишан помеѓу Грција и Македонија во јуни минатата година за решавање на долготрајниот спор, велејќи дека отвора врата „за нови брања од соседната земја“.
"Се спротивставив на името Македонија, бидејќи името ќе има етничка припадност и јазик и ќе бара признавање на малцинските права во Грција. Сите претходни премиери го одбија тоа, господинот Ципрас го прифати ", изјави тој пред делегатите на 12-тата конференција на својта партијата, што се одржа во близина на меѓународниот аеродром во Атина, во источна Атика.
"Тој е опасен поради многу причини, но главно поради тоа што нема црвени линии и се што може да се побар се исполнува. Не остава простор за нашите потреби, иако сме далеку во подобра позициј од соседот", продолжи Самарас во својот говор.