СЕ ЈАВИ СЕСТРАТА ОД СРБИЈА КОЈА СНИМАШЕ ОПЕРАЦИЈА: Тврди дека спонтано и ненамерно видеото отишло во јавност
Објавено во: Балкан 26 Април, 2023
Вработената во српската болница „Народни фронт“ која снимала жени за време на операција и директно емитуваше вршење царски рез од операциона сала, се исклучила од социјалните мрежи.
Пред да се исклучи, објаснила зошто снимала.„Видеото е создадено ненамерно. Во ноќната смена, сите сме свесни дека употребата на мобилни телефони е забранета во салата, но кога нѐ повикаа на итен царски рез, јас само го оставив телефонот потпрен на држачот за ракавици, несвесна дека камерата е вклучена и се емитуваше во живо на Тик Ток. Пред повикот во салата, го гледавме Тик Ток и тоа беше последното нешто што остана. Од снимката се гледа дека никој во салата не знаел дека од телефонот се емитува во живо. Видеото е создадено спонтано“, рече таа.
Вели дека освен пациентката, на видеото ја има и неа.
„Ѝ се извинувам на пациентката чија приватност е нарушена, на семејството на пациентката како и на пошироката јавност. Веќе 14 години сум медицинска сестра - инструментарка и во текот на целиот мој работен век односот помеѓу пациентот и медицинската сестра го градам врз основа на принципите на сестринската етика и според добрите правила на професијата. Искрено жалам што имаше пренос во живо бидејќи моите активности на Тик Ток беа фокусирани главно на моето семејство, пријателите и на едукативна содржина што не содржеше лични податоци во ниту едно видео или беше во спротивност со медицинската етика. Уште еднаш повторувам дека длабоко жалам и искрено ѝ се извинувам на пациентката, на нејзиното семејство, на клиниката што ме храни, на сите мои колеги и на целата јавност“, напишала Јелена.
Српските граѓани бурно реагираа и бараат отказ за жената, затоа што снимката ги вознемирила.
Во Тетово имаше скандал со анестезиолог кој снимал за Тик Ток, по што остана без лиценца и ќе одговара.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.