01 Април, 2020
0.0383

Се јави советникот во МВР чиј син избоде полицаец, откако се огласи и таткото на прободениот

Објавено во: Македонија 25 Март, 2019


По тепачката во дискотека во Марино крај Скопје се јави советникот во МВР, Ѕвонко Цветковски, чиј еден од неговите двајца синови го прободе со нож полицискиoт службеник Филип Филиповски.

Поранешниот градоначалник на општина Петровец, кој се обиде да добие уште еден мандат со поддршка од СДСМ но неуспешно, за 24 Вести изјави дека и неговите синови биле повредени во тепачката. Цветковски, иако имало голем број на очевидци, негира дека тие го сториле делото, односно дека сведоците не дале точни информации и дека тој нема намера да влијае на истрагата.

„Тие учествувале, но не го направиле делото што е направено. Биле нападнати, моето дете и денеска беше во болница“ изјави Цветковски.

Претходно на социјалните мрежи се огласи и таткото на прободениот полицаец Филиповски, кој е сместен на КАРИЛ откако беше донесен во кричична состојба во петокот.

- Мојот син Филип беше прободен со нож во дискотека во Марино, се бори за живот со тешки оштетувања. Извршителите се две деца од Петровец. Едниот син на поранешниот градоначалник на Петровец, Ѕвонко Цветковски, сегашен висок функционер во МВР. Поводот за овој мој напис е обид да се стави крај на ваквите случувања и според првите информации обид да се изменат изјавите на децата сведоци кои беа дадени во мое присуство во Државна болница и каде што директно беа посоченио сторителите. Важно е сторителите да ја добијат заслужената казна, затоа што каков човек треба да бидеш за да имаш таков нож со себе при излегување во дискотека - напиша таткото Гоце Филиповски.

За инцидентот со реакција во јавноста се произнесе и опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Орце Ѓорѓиевски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска рече дека „МВР под криминогеното раководство на Оливер Спасовски го допре дното“.

- Изминативе две години гледавме како полициски функционери на СДСМ уценуваа со ПИ мерки и минуваа неказнети, гледавме како полициски службеници убиваа и палеа луѓе, како пукаа во малолетни лица а во Шуто Оризари се пресметуваа и меѓу себе. Последниот инцидент покажа до каде забегаа злоупотребувајќи ја власта и моќта. Според информациите кои ги објавија медиумите син на виш полициски советник на Оливер Спасовски во угостителски објект во скопско Марино избоде полициски службеник, кој бил однесен на комплексот клиники како што стои во написите и во моментот кога бил однесен бил во животно загрозувачка состојба. Полицискиот службеник се уште е во животна опасност, а за да го спасат докторите мораа да му извадат еден бубрег и слезина, рече тој.

Ѓорѓиевски посочи дека луѓе блиски до власт осилени од моменталната моќ која ја имаат дивеат насекаде низ државата.




Можеби ќе ве интересира

На Клиниката за гинекологија во Скопје една родилка позитивна на Ковид 19

На Клиниката за гинекологија во Скопје една родилка позитивна на Ковид 19

Чулев не присуствувал на Советот за безбедност поради исцрпеност

Чулев не присуствувал на Советот за безбедност поради исцрпеност

Спасовски: Нови мерки на ограничувања ако не се почитуваат сегашните

Спасовски: Нови мерки на ограничувања ако не се почитуваат сегашните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Презентиран сетот економски мерки, а од коронавирусот починаа уште две лица

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Презентиран сетот економски мерки, а од коронавирусот починаа уште две лица

Пензионер починал во самоизолација во Битола

Пензионер починал во самоизолација во Битола

Емил Димитриев: Полската болница ја обезбедивме ние во 2012

Емил Димитриев: Полската болница ја обезбедивме ние во 2012

Пендаровски: Не постои светски експерт кој може да каже кога ќе биде пикот

Пендаровски: Не постои светски експерт кој може да каже кога ќе биде пикот

Пендаровски: Ни претстои тежок период и треба да се намалат штетите по економијата

Пендаровски: Ни претстои тежок период и треба да се намалат штетите по економијата

ФИЛИПЧЕ БУДНО ЈА СЛЕДИ СОСТОЈБАТА: Ќе има ли карантин и за Куманово?

ФИЛИПЧЕ БУДНО ЈА СЛЕДИ СОСТОЈБАТА: Ќе има ли карантин и за Куманово?