Се книжат милиони: Колкав профит направи лани најголемата странска компанија во Кочани
Објавено во: Економија 23 Мај, 2019
Седумдесет милиони евра е приходот кој го остварила најголемата странска компанија во Кочани минатата година
„Амфенол“ лани прокнижила 70 милиони евра приходи кои се за 16 отсто повисоки од претходната година.
Профитот на таа компанија, според приходите и според бројот на вработени лица, лани изнесувал 3,6 милиони евра и тоа е за 30 отсто послаб резултат од аспект на профитот.
Најголемите шест странски инвестиции во земјава лани направиле приход од 2,36 милијарди евра, а убедливо најголем меѓу нив и воопшто во целиот бизнис сектор во земјава е подружницата на британската аквизиција на „Џонсон Мети“ чиј приход од продажба е 1,75 милијарди евра и во споредба со 2017 година е повисок за 18 отсто.