19 Април, 2024
0.0306

СЕ КОЛНАМ ВО СЕ НАЈМИЛО, НЕ СУМ ПОСЕГНАЛ ПО ТУЃО - Костовски вели дека во неговата банка имало криминал од 110, а не од 60 милиони евра

Објавено во: Финансии 26 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Трифун Костовски еден од сопствениците на Еуростандард банка, вели дека криминалот во банката е 110 милиони евра, а не 60.

Во гостување на ТВ 24 рече дека вчера дознал дека му е замрзнат имотот.

„Замрзната е мојата приватна куќа, која е направена пред 30-40 години, и две стари возила од по 20 години. Значи не е голем имот, бидејќи се што јас имав, се вложив во банката. Имам неколку прашања до Муареми, бидејќи објективно се насочени само кон внатрешните структури на банката и кон акционерите, а јас отворено тврдам – јас говорам за оргнизиран криминал. Тој не е на улица, туку тој е во институциите, значи политика, врзан со одредени бизнис структури. Да го потсетам Муареми, нека ми го посочи, или да даде пред јавноста точни податоци што е со предметот број 57 од 2013 година и предметот 106 од 2017 година, по прашање Кубус, каде што на многу сличен начин е користена истата технологија за перење и криминогено спојување пари. Што се случува со извештајот од Финансиска полиција од 12 месец 2019, повторно за Кубус, кој зеде да го работи СЈО, па потоа тој предмет се изгуби. Го снема. Мојот став е, да беше господинот Арафат со нас, јас ќе имав до него многу конктетни прашања. Не можете да говорите, вие велите 60 милиони евра, јас ќе ви кажам 110 милиони евра се во прашање, бидејќи и јас должам тука свои пари. Тука се и мои пари од почетокот на банката па до денеска, дури 55-60 милиони евра. А луѓе, говориме за криминал од 110 -120 милиони евра кои денеска ги нема. Не може да се сокрие трагата на парите“, рече Костовски. 

Како може за време на пандемија, праша, да се носи мерка за стечај на банката, а сега господинот Муареми вели дека не можат да делуваат, бидејќи ковидот бесенее. 

„Па ковидот беше и кога се однесе банката во стечај. Претходно беше вонредна ситуација, три месеци и една недела, во кои ни беше забрането присилно да наплатуваме, и денеска се потпираме само на извештајот на господинот Тодевски, кој е еда единка, стечаец, а нам како бивши сопственици, ни е забрането да добиеме било какво објаснување или документација од НБМ како математички дојде до таква несолвентност на банката, да ја однесат право во стечај, без да ги користи алатките – засилени мерки, нека одземе лиценца на директор, на чкен на Надзорен одбор, нека казни. Во тој период од три месеци, од 65,5 адекватност да не донесат до по нивни математики два отсто, каде ни беше комплетно забрането да вршиме присилна наплата, а наплатувавме од 2,5 до 3 милиони евра и тоа од отпишани побарувања. Криминал е во прашање, отворено говорам пред сета јавност.  Нема да запрам се додека не се докаже кој стои зад сето ова“, рече Костовски.

На прашањето како не гледал дека сето ова се случува, тој рече дека кога би знаел дека сето ова се случува, би се превртел.

„Верувајте ми, се колнам во се најмило, никогаш во животот, не сум посегнал по туѓо“, нагласи бизнисменот.

Го обвинува екс претседателот на УО на банката, Николче Петковски.

„Него го сменивме, а неговите врски, и со политичките структури, и со одредени банки, доведоа до ова дереџе. Со новиот УО, кој беше со амин на НБМ, со што ни даде логистика дека ќе не поддржи, тука не изигра НБМ.  Ги изигра и тие луѓе кои дојдоа како први луѓе на банката, бидејќи пред нив е кариера. И првиот момент, при неконституирано Собрание и Влада, завршени избори, да ја однесат банката во стечај, зошто“, рече Костовски.

Според него, ако направеле докапитализација, НБМ ќе нашла друга закачка.

„Ова беше бидејќи новото раководство си ги прекина старите врски и стариот начин на водење на бизнисот, и одредени групи кои претходно беа вплеткани во носење на банката во стечај, ќе беа засегнати. Тоа е поширока група.

Ова ќе бде тежок процес, јас стојам отворено, за се стојам отворено, ако нешто сум направил намерно или свесно, стојам на располагање, се ќе дадам, и пасош и земја, ама криминалот ора да се открие“, рече Костовски. 

Претходно, директорот на Финансиската поалиција, Арафат Муареми, рече дека се води предистражна постапка за злоупотреба на службена положба, шерење пари, фалсификати и измами. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин