25 Април, 2024
0.0260

СЕ КРЧКА ЛИСТАТА СО ГРАЃАНИ - набрзо ќе се знае кој ќе добие државна платежна картичка

Објавено во: Економија 07 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Се крчка листата на граѓани кои имаат ниски приходи и ќе ја добијат платежната картичка. Управата за јавни приходи, Агенцијата за вработување, како и Министерството за труд и социјална политика, имаат податоци, врз основа на кои државата ќе одреди кои граѓани ќе ги исполнат условите за да го добијат овој вид парична помош, како дел од третиот владин сет мерки за помош на граѓаните погодени од корона кризата.

Неодамна од Владата информираа дека граѓаните кои ќе бидат корисници на домашната платежна картичка нема потреба да аплицираат или да се пријават за да ја добијат. Соодветните институции  изготвуваат листа на сите граѓани и вработени со низок доход, листа од сите ученици и студенти и листа на сите здравствени работници, кои ги исполнуваат условите за да добијат домашна платежна картичка.

Корисниците ќе ја добијат домашната платежна картичка на домашна адреса или ќе можат да ја подигнат од банката издавач, без да аплицираат. 

Наскоро, на страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk, граѓаните ќе може да проверат дали им следува, односно дали се корисници на некоја од платежните картички и која е нивната банка издавач, соопшти Владата.

„Корисниците ќе бидат исконтактирани од банките. Целиот процес е направен да биде максимално едноставен за корисниците, без пријавување или аплицирање, туку институциите да ја завршат целата постапка за нив“, велат од Владата.

Оваа веб страница во моментов се уште не е активна. 

Корисници на домашни картички можат да бидат граѓани со низок доход, односно приматели на социјална помош и невработени евидентирани како активни баратели на работа, кои оствариле нето доход до 180.000 ден во 2019 и нето доход до 60.000 денари во периодот од јануари до април 2020 година, согласно евиденцијата на УЈП. Тие ќе добијат картичка со 9.000 денари. Потоа, вработени со низок доход, односно лица кои се во работен однос и кои за периодот од јануари до април 2020 година, оствариле доход само по основ на плата и надоместоци на плата во нето износ не поголем од 60.000 денари, кои ќе добијат картичка со 3.000 денари. Исто така, помошта ќе можат да ја користат млади лица, како и здравствени работници ангажирани во справување со КОВИД-19.

Како што веќе пишуваше Фактор, девет банки од 14 домашни ќе учествуваат во проектот домашна платежна картичка. Останатите пет нема да можат да се вклучат поради технички причини. Ако евентуално некој поединец кој исполнува услови за да добие ваква картичка има трансакциска сметка во банка која нема да учествува во овој прект, како што дознаваме, картичката ќе ја добие од друга банка за што и ќе биде известен. 

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија