16 Јануари, 2019
0.2367
    ALK 8404.21    0.13%     GRNT 835.34    0.55%     KMB 5352.34    -0.67%     MPT 50186.9    -0.59%     MTUR 5100    0%     OHB 6700    0.63%     OKTA 4500    0%     REPL 73000    0.69%     STB 1266.75    0.31%     UNI 2083.05    -0.8%

Се мајтапи ли УЈП со пензионерите?Требало да се донесе нов закон

Објавено во: Финансии 08 Ноември, 2018

Регистрацијата на даночните пријави по новиот концепт што треба да ги поднесат пензионерите за оваа година ќе се олесни, но прво треба да се донесе законско решение, е најновата вест од Управата за јавни приходи.

Иако до крајот на годината има неполни два месеци, од таму велат дека измените ќе бидат брзи.

-Наредниот период, за кратко време, ќе излеземе со законското решение што ќе се однесува за олеснителната околност на пензионерите кои оставруваат само приходи од пензија, изјави директорката на УЈП Сања Лукаревска, одговорајќи на новинарско прашање денеска на предавање во употреба на нов систем за проценка на ризик.

За проблемите што се јавуваат со системот за регистрација рече дека ги менаџираат секојдневно, но оти на  корисниците им стојат на располагање шалтерите во УЈП во Скопје, како и телефонските линии со цел да се надминат проблемите.

– Мобилните екипи на УЈП секојдневно се на терен. Дали одиме кај даночни обврзници, мали, средни и големи дали одиме во сите министерства, имаме контакт со огромен број лица кои треба да се регистрираат. Некаде оди поспоро, некаде побрзо, меѓутоа кога станува збор за една ваква реформа сепак треба да се има предвид дека тешкотии ќе има, меѓутоа на крајот ќе се види резултатот, истакна директорката.

Таа додаде дека е побарана помош и од општините да обезбедат простор и техничка опременост со цел да може да се изврши регистрацијата на даночнтие обврзници, а и телефонските линии на сите оние што одат на терен се постојано достапни.

-Ова е прва година и очекувавме дека ќе имаме вакви проблеми, меѓутоа старот го означивме и ќе одиме до крај, потенцира Лукаревска.



Можеби ќе ве интересира

ОФИЦИЈАЛНО: Неверојатен годишен раст на македонската берза во 2018-та

ОФИЦИЈАЛНО: Неверојатен годишен раст на македонската берза во 2018-та

Работел на пазар, а денес има бренд и 20 работници

Работел на пазар, а денес има бренд и 20 работници

Финансии: Нема нето задолжување со денешната аукција

Финансии: Нема нето задолжување со денешната аукција

БАРААТ ЛЕКАРИ: Нудат плата, стан и бонус

БАРААТ ЛЕКАРИ: Нудат плата, стан и бонус

РЕФОРМА: Скриените газди на офшор фирмите ќе испливаат на површина

РЕФОРМА: Скриените газди на офшор фирмите ќе испливаат на површина

Продор: Халк банка купи осигурителна компанија

Продор: Халк банка купи осигурителна компанија

НЛБ Фонд Љубљана: Македонската берза ретка позитивна приказна во 2018-та во светот

НЛБ Фонд Љубљана: Македонската берза ретка позитивна приказна во 2018-та во светот

Oстров близу Сан Франциско бара работници

Oстров близу Сан Франциско бара работници