29 Март, 2024
0.0274

Се менуваат навиките на пациентите: Родителите ги носат редовно децата на стоматолог

Објавено во: Македонија 20 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Бавно се менуваат навиките кај луѓето за посета на стоматолог. Но, се забележува зголемен број на родители кои ги носат своите деца во стоматолошки ординации уште во периодот на никнување на млечните заби.

За разлика од минатото, посебно од периодот кога денешните родители биле деца, денес родителите создаваат навика за редовна посета на стоматолог кај своето дете, кое е за поздравување и од огромна помош на релацијата дете пациент – стоматолог, велат стоматолозите.

„Не се страшни стоматолозите, стравот кај пациентите е вкоренет од минати лоши искуства, непријатни за пациентите. Тука секако се вбројуваат и културните навики на пациентите, како и навиките кои ги наследиле од родителите. Ми се случило многу пати да седнам да разговарам најпрво со родителот буквално во четири очи за тоа како треба да го претстави стоматолог пред своето најмило, па потоа јас како лекар да разговарам со детето и да започнеме со една нормална средина за ефективна работа“, вели за Фактор стоматолог Кристина Тренеска Конеска.



Според стоматолозите и овој страв се надминува со разговор, стекнување доверба на релација пациент лекар, како и запознавање на пациентот со инструментите за работа, но и со самиот пристап на стоматологот кон својот пациент.

Со најмалите пак, треба да се започне со запознавањето на стоматолошката ординација уште на 2-3 години, кога се претпоставува дека се здрави млечните забчиња. Преку игра, едукативни списанија, детски разгледници, со долг разговор, со взаемна комуникација да се надмине стравот кај детето од стоматолог.

„Многу често со дечиња кои доаѓаат за прв пат во мојата ординација седнуваме да прегледаме заби и на обичен стол, ако почувствувам дека така ќе го придобијам детенцето, многу често ми се случило да додадам некои „детски“ имиња на инструментите за работа, прскало, правосмукалка, тракторче...Секако тука е секогаш на помош и насмевката “,вели стоматолог Кристина.

Искуствата на стоматолозите покажале дека родителите и тоа како влијаат врз стравот кај децата при посета на стоматолошка ординација.  Бидејќи тие не внимаваат што и како споделуваат за своите стоматолошки искуства пред своите деца, зборови кои со сигурност ќе остават траг врз детето. Апелот на стоматолозите за родителите е јасен: зборувајте им на вашите деца убаво за нивниот стоматолог.

Контролата на вашите заби кај стоматолог најчесто е бесплатна. Практикувајте ја контролата, четкајте ги редовно, односно наутро и навечер забите,внесувајте минерали, витамини и протеини преку исхраната ,  за поголема заштита на вашата орална хигиена.


Фото  The Independent 


Можеби ќе ве интересира

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара