19 Април, 2024
0.0366

Се најде ли купувач на кумановската фабрика на Салептас

Објавено во: Економија 11 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Доверителите на ДС Искра Констракшн се надеваат на продажба на стечајниот должник кој работи во индустриската зона во Куманово на државно земјиште. Собранието на доверители на 24 декември треба да ја потврди продажбата на градежната фирма за челични конструкции понудена за сума од 504 милиони денари во сопственост на стечајниот должник, грчкиот инвеститор Димитриос Салептас.

Во пакетот влегува фабрички комплекс и објекти со вкупна површина од 26.947, метри квадратни, машини, опрема, транспортни средства и останат движен имот. Собранието на доверители ќе донесе одлука дали имотот ќе биде продаден по постигнатата највисока цена на електронската продажба со јавно наддавање.

Салептас, основач на неколку фирми во индустриската зона во Куманово е странски инвеститор од 2005-та наваму и основач и на фирмите ДС Искра Констракшн, ДС Фудс, Одисеас. Во 2005-та Салептас за околу 680 илјади евра ја купува кумановска Искра. 

За прв пат во 2015 година се испитуваат условите за отворање стечајна постапка над должникот, а во 2017-та кумановскиот суд  објавува дека се усвојува предлогот на кредитниот доверител Стопанска банка АД Скопје да се отвори стечајна постапка. Првото испитно рочиште беше на самиот почеток од годинава.

Покрај на кредиторот и работниците, ДС Искра Констрашн е должник и на УЈП, а пред 12 години дирмата била сопственик на парично поба-рување по основ на склучен договор со DIEKAT CONSTRUCT SA од Bucharest во износ од 2.175.000 ЕВРА. Последниот кредит ДС Искра Констракшн од домашен доверител го бара во 2010 година.

Огласот за продажба на речиси целокупниот имот беше објавен во февруари годинава, со тоа што земјиштето не беше предмет на продажба бидејќи е во сопственост на државата. Рокот за пријавување беше до јули за кога беше закажана електронската аукција. 

А.К.








Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите