19 Април, 2024
0.3240

СЕ НАЛУТИЈА ЗА АЈА СОФИЈА: Грците ги укинуваат турските серии

Објавено во: Балкан 30 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Поради претворањето на Аја Софија од музеј во џамија,  Грците ги укинуваат турските серии. 

Грчката телевизија Антена (АНТ1) го укина емитувањето турски серии на својата програма, како одговор на одлуката на турскиот претседател  Реџеп Таип Ердоган, со која Аја Софија стана џамија.

Главниот уредник на телевизијата, Јоргос Пофанитис, вели дека се размислувало, по летната пауза, наесен да продолжи емитувањето на турски серии, но дека одлуката сериите да бидат забранети во целост е донесена по сето она што се случувало со Аја Софија.

На овој канал во изминатите години се емитувани 18 турски серии.

Ердоган на 10 јули потпиша декрет со кој се бараше Аја Софија да стане џамија, а Државниот совет веднаш потоа ја поништи одлуката донесена 1934 година со која Аја Софија беше претворена во музеј прогласувајќи ја за незаконска.

Минатиот петок, на 24 јули, беше одржана и првата молитва во џамијата на која учествуваа Ердоган и неговите соработници. Фреските во Аја Софија беа прекриени со завеси.

Освен православните цркви ширум светот, остри реакции стигнаа и од САД, ЕУ и УНЕСКО. Тие го осудија ваквото однесување на Турција кон светското културно наследство.

По 86 години  Аја Софија повторно е отворена за молитва. 

Г.г. Стефан му пиша писмо на Вартоломеј во кое наведува дека пренамената на Света Софија потсетува на темното минато. 


Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот г.г. Стефан, упати писмо на сострадалност и поткрепа до вселенскиот патријарх Вартоломеј поради промената на статусот на храмот Света Софија во Истанбул.

Можеби ќе ве интересира

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот