07 Декември, 2025
0.0434

Се намалува бројот на баратели на азил во Германија

Објавено во: Свет 02 Ноември, 2025 14:59

Добивај вести на Viber

Во првите 10 месеци од оваа година продолжува трендот на намалување на бројот на лица кои бараат азил во Германија, со поднесени 97.277 барања во споредба со 199.947 во истиот период минатата година, покажуваат податоците на германското Министерство за внатрешни работи, јави ДПА.

„Функционира нашиот нов пристап во миграцискиот процес. Значително го намаливме факторот на привлекување и магнетниот ефект“, изјави министерот за внатрешни работи Александар Добриндт за таблоидот „Билд“.

Портпаролот на министерството посочи дека во овој период се зголемени гранични проверки и дека на околу 18.600 лица им е одбиен влез или се вратени на германските граници од мај, потсети германската агенција.

По преземањето на функцијата во мај, Добриндт даде инструкции дека барателите на азил треба да бидат одбиени на границата.

Мерките преземени од балканските земји, исто така, можеа да играат улога во намалените бројки.

Дополнителен фактор е променетата ситуација во Сирија, претходно извор на многу баратели на азил, каде што режимот на Башар ал-Асад беше соборен во декември, смета министерот, пренесен од ДПА.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Русите намалија со алкохол: Драстичен пад на потрошувачката

Русите намалија со алкохол: Драстичен пад на потрошувачката

Петгодишно дете со жижица предизвика пожар во Германија

Петгодишно дете со жижица предизвика пожар во Германија

(ВИДЕО)Дали синот на Трамп тукушто го објави целосното повлекување на Америка од договорот за Украина?

(ВИДЕО)Дали синот на Трамп тукушто го објави целосното повлекување на Америка од договорот за Украина?

Рускиот гас ќе биде целосно забранет од овој датум: Три земји ќе продолжат да го увезуваат

Рускиот гас ќе биде целосно забранет од овој датум: Три земји ќе продолжат да го увезуваат

Во Перу запленети над 3 тони кокаин наменет за пазарот во Европа

Во Перу запленети над 3 тони кокаин наменет за пазарот во Европа

РУСИЈА ГО ПОФАЛИ ТРАМП: „Исклучувањето на Русија од листата на „директни закани“ е позитивен чекор“

РУСИЈА ГО ПОФАЛИ ТРАМП: „Исклучувањето на Русија од листата на „директни закани“ е позитивен чекор“

(ВИДЕО) Најмалку 25 загинати во пожар во ноќен клуб во Индија

(ВИДЕО) Најмалку 25 загинати во пожар во ноќен клуб во Индија

Неверојатно: Пензионер остана без пари поради грешка стара 11 години

Неверојатно: Пензионер остана без пари поради грешка стара 11 години

Маск се налути за казната на платформата Х: „ЕУ треба да се укине“ - со него веднаш се согласи Медведев

Маск се налути за казната на платформата Х: „ЕУ треба да се укине“ - со него веднаш се согласи Медведев